Искрен оглас од еден татко: Ја продавам количката која ми го уништи животот. Време е некој друг да се помачи!

Родителите често ќе ви кажат дека и покрај сите незгодни и непријатни детски фази, на крајот од денот сите се пресреќни што го имаат тоа мало ангелче до нив. Добро, не баш сите...

iskren-oglas-na-eden-tatko-ja-prodavam-kolickata-koja-mi-go-unisti-zivotot-vreme-e-nekoj-drug-da-se-pomaci-01.jpg

Еден татко, корисник на eBay постави искрен и урнебесен оглас кој преку ноќ вирално се прошири по сите социјални мрежи.

Тој ја продава количката која му го уништила животот, колку и да звучи сурово.

iskren-oglas-na-eden-tatko-ja-prodavam-kolickata-koja-mi-go-unisti-zivotot-vreme-e-nekoj-drug-da-se-pomaci-02.jpg

„Иако никогаш не планирав, ниту сакав да имам деца, мојата сопруга ја купи оваа количка, и покрај тоа што знаеше какви се моите планови. Многу се расправавме, но на крајот сепак бев приморан да попуштам и знаев дека токму оваа количка го означи крајот на безгрижниот живот кој го имав до тогаш.

Ова секако значеше дека сепак ќе имаме деца, и тоа не едно, туку три, а цената на ова зелено чудо ќе ме прогонува до крајот на животот. Купив автомобил кој чини помалку од ова чудо!

Како што сите сега разбравте, ја мразам.

Денес имам 3 деца, лабрадор и принуден сум да се дружам со мајки кои обожаваат да дискутираат за различните цени во супермаркетите, градинките и одржувањето на куќата.

Како и да е, време е овој зелен албатрос да стане туѓа мака.

Оваа количка помина сè и сешто - беше поливана со сите можни течности, кал и храна, а јас се обидов да ја одржам колку што можев и умеев.

Издржа многу поголема тежина од означеното, а еднаш ја користеше и кучето (тоа е посебна приказна).

Моите деца се веќе доволно големи за да одат сами, понекогаш во погрешна насока, но дефинитивно дојде време некој да ја преземе.

Почетната цена за да си го уништите животот како што јас тоа го направив е 9,99 фунти, а добиените пари ќе ги искористам за да се опоравам од моите деца.

Трошете ги своите пари паметно и знајте дека сè оди во добротворни цели.“

Иако почетната цена на количката била 9,99 фунти, заради оригиналноста на огласот нејзината моментална цена достигна 154 илјади фунти, а лицитацијата ќе трае уште 8 дена.

Би можело да ве интересира:

„Моите деца ги сакам помалку сега кога се тинејџери - Зошто се чувствувам така?“ „Ми недостигаат деновите кога моите деца ми даваа безрезервна љубов, но уште пов...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg