Мајката која ја осуди цел свет: Танцува на шипка со својата 2-годишна ќерка
Ешли Рајт е мајката која предизвика лавина коментари и осудувања на социјалните мрежи. Таа гордо танцува на шипка со својата 2-годишна ќерка и тврди дека тоа е одлично за нејзиното воспитување.
- Не ме изненадува што луѓето не ја одобруваат и се збунети од оваа снимка која ја слави женственоста, сензуалноста, моќта и ја слави љубовта кон себе и кон детето. За жал, многумина никогаш немале шанса да искусат ваков вид на љубов, па единствено нешто што гледаат во тоа е срам, вели Ешли.
Ова е видеото кое е прегледано повеќе од половина милион пати на Фејсбук:
Поставените видеа на Ешли на социјалните мрежи имаат околу 5.000 коментари, од кои поголемиот дел се негативни.
- Нема ништо лошо да танцуваш на шипка, но не во моментите кога треба да поминуваш време со своето дете. Прави го тоа кога детето спие, гласи еден од коментарите.
Одговорот на Ешли е следниов:
- Во ред е да бидеш посветен на своето дете и на оние кои ги сакате. Но, мора да пронајдете време и за себе. Да одите на фризер, да вежбате јога, да одете на зумба или нешто друго, затоа што ако го скратите тоа време за себе, тогаш нема да можете да пружите нежност на никој друг.