Тест: Каков тип на мајка сте?
Дали се гледате како забавна или грижлива мајка? Можеби децата внесоа дополнителен хаос во вашиот живот, а можеби сте една од оние кои без оглед на сè секогаш изгледаат беспрекорно.
Одговарајте со ДА или НЕ на секое прашање. Потоа добро разгледајте под која буква (А,Б,В,Г) се наоѓаат прашањата на кои имате најмногу „да“ одговори.
А
- Дали нарачувате кратко капучино во кафуле?
- Дали поседувате многу очила за сонце кои често ги носите наместо венче?
- Дали некогаш сте биле на базен на кој одат и мајки со бебиња?
- Дали вашето дете има повеќе од 3 програми и активности во текот на неделата?
Б
- Дали некогаш сте го однеле вашето дете на кампување и зажаливте штом почна да врне?
- Дали некогаш сте почнале со подготовка на кашичка, на која решивте да и додадете вода и да ја испиете како шејк?
- Дали некогаш сте користеле марама како кенгур?
- Дали и понатаму имате време да ги посетувате пријателките и да одите на фитнес тренинзи?
В
- Дали некогаш сте имале розови прамени?
- Дали и откако станавте мајка одите во клубови и се журкате до рано наутро?
- Дали носите старки?
- Дали вашето бебе има маица Rolling Stones?
Г
- Дали имате црвен кармин во торбата за работите на бебето?
- Дали сакате да носите животински принт?
- Дали уживате во чоколадо и чај исто како што уживате во чаша вино во 5 попладне?
- Дали им се јавувате на пријателките заради бизнис планот кој го имате во глава?
- Дали повеќе сакате патики отколку штикли?
Одговорите проверете си ги на следната страна...