Факти кои треба да ги знаете пред да се роди вашето бебе

Со самото раѓање на бебето си доаѓаат огромен број обврски и задачи, но и факти за кои сигурно претходно не сте се заинтересирале.

fakti-koi-treba-da-gi-znaete-pred-da-se-rodi-vaseto-bebe-01.jpg

Ова се само дел од најинтересните кои треба да ги знаете пред да го кажете првото „добредојде на овој свет“:

1. Вашето новороденче ќе спие помеѓу 14 и 18 часа дневно. За жал, тој сон ќе биде поделен на 8 кратки делови во текот на денот и ноќта.

2. На бебето му се потребни 3 недели да сфати дека може да го контролира движењето на рачињата. Прстињата ќе останат стуткани сè додека не го изгуби рефлексот и не ја рашири раката.

3. Вашето мало паметно бебе може да го разликува гласот на мајката од сите останати. Кога ќе го слушне, обично се смирува и се концентрира на она што таа ќе го зборува, без да трепне.

4. Со оглед на тоа дека во текот на денот ќе има околу 12 оброци, ни малку не е чудно што во текот на првите 6 месеци тежината двојно ќе се зголеми.

5. Ако вашето бебе е родено со сиво-сини очи, големи се шансите дека со текот на времето нивната боја ќе се промени.

6. Во текот на првите недели од животот солзните канали нема да произведуваат солзи, но тоа не значи дека бебето не може да плаче.

Би можело да ве интересира:

Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Искрена исповед на мајка: „Тешко ми е летниот период со бебе, кога не можам да излезам надвор“ Кои се вашите размислувања? Дали сметате дека повеќето мајки се&n...
Писмо од вашето дете до вас: „Мамо, не брзај да ме направиш возрасен, дозволи ми да бидам дете“ Мамо, покажи ми дека секогаш можам да зборувам со тебе. И кога ќе пораснам, ќе м...
Летување со бебе: На што да внимавате и што да понесете со себе? Какви лекови да земете и кога е најповолен период за на плажа? Што сè треба да з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg