Исповед на мајка која го сака своето дете повеќе од која било друга
Може ли да се мери мајчинството? Кој може да ја опише и ограничи мајчината љубов? Секоја мајка за своето дете смета дека е најубаво, најпосебно и најсакано.
Вообичаено е дека секоја своето си го сака најмногу, но една мајка си дала за право да каже гласно дека таа го сака детето повеќе од која било друга мајка што го сака своето дете.
Една нејзина пријателка која тогаш била бремена останала зачудена од нејзината изјава и од тоа како може да ја измери и споредува љубовта кон детето со другите мајки и нивните деца.
Откако по некое време ги родила ќерките близначки, почнала во целост да ја сфаќа својата пријателка.
Ова е нејзината исповед откако станала мајка:
„Помислата дека може нешто да му се случи на моето дете, некој да му наштети или тоа да се повреди, ме правеше силна како тигрица која е подготвена да го одбрани своето чедо по секоја цена. Стравот од нешто лошо ме доведува до раб на онеспособување, па се трудам да побегнам од најлошите мисли кои ми се јавуваат.
Кога ќе им ја погалам косата, кога ќе им ја почувствувам топлината, мирисот и малечките рачиња кои ме држат цврсто, чувствувам неопислив мир и среќа за толку обични мали нешта. Јас сум среќна и задоволна жена.
Кога ќе успеат да направат нешто, кога ќе постигнат макар и најмал чекор, јас сум најгордата мајка. Во исто време срцето ми го стега и оној тивок глас: „Колку брзо растат!“
Сакам да ги бакнувам, да ги прегрнувам и да ги гледам додека спијат. Тоа е луксуз кој не можеш да го добиеш со пари.
Но, сепак, го плаќам овој благослов со тоа што немам совршено тело, на очите имам брчки, понекогаш излегувам со неуредна коса и по некоја флека.
Знам, ќе дојде еден ден кога ќе можам повеќе да спијам, но тогаш ќе добивам и помалку внимание. Нема долго да трае периодот кога ќе сакаат бакнеж повеќе или кога ќе се кријат зад мене ако се срамат. Сè повеќе ќе почнат да ми ја оттурнуваат раката од својот грб и да одат сами, нема да бидат толку физички врзани за мене.
Им посакувам нормално да растат и да станат свои личности, но неизмерно ќе ми недостигаат нивните мали допири со валкани прсти.
Мајчинството од мене прави силна и среќна жена. Не сум сигурна дали некогаш би била посилна од тоа што сум сега, бидејќи тие ме прават најдобра.
Така што, кога сега размислувам за коментарот на мојата пријателка, ја разбирам, иако е чудно, но на поинаков начин. Сега мислам дека јас сум таа која ги сака своите деца повеќе од која било мајка пто може да си ги сака децата.
Но, знам, и да се натпреваруваме нема да ни биде тешко да ја докажуваме љубовта, бидејќи реално, во овој натпревар нема губитнички, сите мајки се победнички!