Пет типови мајки кои ги полудуваат сите останати

Сите мајки се различни и слични на свој начин, но има некои кои може да се класифицираат како едни од најодбивните и најлошите кои секоја останата мајка сака да ги избегне.

sest-tipovi-majki-koi-gi-poluduvaat-site-ostanati-01

Она што најмногу пречи кај нив е нивниот став, однесувањето и некои навики кои ги имаат.

Сезнајка

Оваа мајка знае сè за сите потребни работи за децата. Ги знае сите историјати на болестите, има лек и совет за сè, ги знае сите рецепти и симптоми, а најмногу сака кога некој ќе ја праша за тоа и да може да се докаже пред сите.


Надмена

Таа ќе направи сè за да ја намали вашата вредност. Не дозволува да се натпреварувате со неа и таа е најдобра. Сè што ќе постигнете вие или вашето дете, таа знае подобро. Ако вашето дете на три години веќе јаде само и сте горди на него, таа брзо, брзо ќе ви каже дека нејзиното тоа го прави уште од втората година. Ако сакате да се пофалите дека ви успеал некој рецепт, таа не заборава да ви каже дека нејзиниот колач сите соседи го пофалиле. Едноставно, таа е најдобра.

sest-tipovi-majki-koi-gi-poluduvaat-site-ostanati-1

Најискусната

Таа поминала сè, неа ѝ било најтешко и знае што ве чека, но наместо да ве посоветува, таа само дополнително ве плаши. Што сè видела и искусила таа, како на ниедна мајка да не ѝ се случило.


Најпаметна

Пред неа не смеете да спомнете ништо погрешно што направило вашето дете. Никако не може да слуша дека сте му дале на детето чипс или газиран пијалак. Веднаш почнува со предавање за тоа што е добро, а што не, што е здрава исхрана и какви навики треба да има детето. Наеднаш се чувствувате како најлошата мајка покрај неа.


Безгрешна

Сигурно познавате некоја мајка која е убедена дека никогаш не згрешила, таа никогаш не го оставила детето да плаче, никогаш не му дала погрешна храна. Секогаш е навреме преоблечено, има најдобри оценки и член е на неколку секции во училиште. Таа има совршено семејство.

sest-tipovi-majki-koi-gi-poluduvaat-site-ostanati-2

Препознавте некоја ?

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg