Супер идеи за идните родители и нивните малечки
Некои изуми за вашите малечки може да бидат особено корисни и за нив, но и за вас. Практичноста и интересниот дизајн ги прават оригинални и употребливи во многу ситуации.
1. Бебешки шпикозни со бришачи на рацете и нозете
Во нив бебето може слободно да лази по подот, а со тоа да ви помогне и во полирањето на паркетот.
2. Џебови за играчки
Чешларникот во кој вообичаено ставате разни чешели, шноли и други помагала може да ви се најде за да ги сместите ситните играчки, боички, ливчиња кои може да го занимаваат вашето бебе додека патувате со автомобилот.
3. Боди за близнаци
Слични, а сепак различни облеки по кои ќе може да ги разликувате близнаците.
4. Витешки шлем
За да бидете сигурни дека децата ќе бидат добро заштитени зимно време и наместо да ја извадат капата штом излезат, сплетете им нешто без кое никаде нема да одат и ќе го сакаат.
5. Голема и мала ракавица
Бидете сигурни дека нема да ги изгубите во гужвите само затоа што не можете да ги држите за рака. Исплете или купете ракавица за вас на која има дошиена мала ракавица за рачето на вашето дете.
6. Цуцла за сируп
Ако треба да се напие некој сируп или друг горчлив лек, направете го тоа помалку трауматично така што со пумпа ќе му дадете преку цуцлата.
7. Заштитник
Парче сунѓер на вратата ќе ви помогне да го заштитите од случајното фаќање на прстите при затворање на вратата.
Уште 10 генијални идеи на следната страна...