Искрено писмо од момчето чии родители се разведуваат: Сега нема кој да ме брани од светот!
Неговите родители се разведуваат, а тој одлучил на најдобар начин да ги потсети дека и тој постои некаде во нивните животи.
Видеото од момчето кое чита емотивно писмо упатено кон родителите, брзо стана интернет хит, а зборовите ги допреа срцата на родителите.
Покажувајќи ги чувствата на лист хартија, ова момче сите свои емоции ги преточи во писмо кое за сега го прочитаа половина милион луѓе.
„Драги мама и тато, знам дека патите. И јас патам, се чувствувам како да се хранам со вашата тензија, страв и шок. Иако сум млад и вербално не можам да опишам што ни се случува во животите, чувствувам влијание. Срцето ми се крши секој пат кога морам да се откажам од еден родител. Моето чувство на сигурност исчезна.
Ве молам, не претпоставувајте дека сум отпорен. Не претпоставувајте дека животот ќе ми биде како порано и дека ќе продолжам да ве сакам исто. Јас сум човек, исто како и вие. Моите потреби се исти како и вашите. Ми треба љубов, внимание, нега, стабилност, доследност, разбирање, трпение е најмногу да бидам посакуван онаму каде што сум.
Кога се карате околу мене и кога ме ставате во центарот на вашите расправии, ми испраќате порака дека победата е поважна од мојот живот. Учам од вас дека е подобро да бидеш во право, отколку да бидеш сакан. Ме учите дека ме направила личност која е невозможно да ја сакаш и која е погрешна и дека јас сум на некој начин погрешен.
Можеби не го разбирате ова денес, но јас сум толку мал што не размислувате за мојата иднина, но поради вас и јас имам шанси да се разведам... Мојата сигурност е ваша работа. Без вас и вашата заштита, нема кој да ме брани од светот.
Еден ден, овој почетен шок ќе избледе. Но, тоа какви родители бевте за време на оваа криза никогаш нема. Или ќе ја почувствувам вашата несебичност, поддршка и заштита, или ќе имам лузна на срцето со ознака - Добрите работи им се случуваат на добри луѓе. Јас мора да сум лош.“