Зошто моето бебе личи на мојот бивш партнер?
Неодамна е спроведено научно истражување кое покажало дека физичките карактеристики може да се поклопат со минатите сексуални партнери на жената, па така да се пренесат на детето и покрај тоа што е од друг партнер.
Замислете си ги оние прекрасни моменти кога влегувате дома со новиот, најмлад член, а целото семејство започнува да прашува: „Зарем нема очи како мене? Не ти личи на дедо ти?“
Иако овие коментари секоја мајка ги прифаќа со задоволство, најновите научни податоци покажуваат дека е повеќе од возможно детето да поприми физички особини од бившите сексуални партнери.
Научниците од универзитетот во Јужен Велс на практични примери го спровеле ова истражување и дошле до зачудувачки резултати.
Така, откриено е дека детето при раѓањето најчесто ќе има слична големина со првиот сексуален партнер на мајката.
Се верува дека несозреаните јајце клетки може да попримат дел од молекулите на семената течност од првиот партнер, што воедно е главниот одговор на ова прашање.
„Сè уште не знаеме дали истото се однесува на другите видови живи суштества, но за човекот сме речиси сигурни,“ изјавила Анџела Крин, еден од научниците.