Подготовка за градинка: 7 чекори за одвојување од родителите без солзи

На дечињата им е тешко да разберат заради што доаѓа до промена во нивното секојдневие и зошто токму тогаш треба да се одвојат од важните и блиски личности.

podgotovka-za-gradinka-7-cekori-za-odvojuvanje-od-roditelite-bez-solzi-01.jpg

Затоа, секој родител треба да се потруди да му го олесни доаѓањето во нова и непозната средина, кое може да биде проследено со стрес и непријатност.

Имајте на ум дека на детето му е потребно време за да се навикне на градинката, да запознае нови луѓе и да стекне доверба во безбедноста на околината.

Како полесно да го подготвите детенцето за тргнување во градинка?

1. Покажете му на детето дека сте горди што е доволно големо за да може да оди во градинка без вас.

2. Доловете му ја новата средина на позитивен начин. Раскажувајте му ја градинката како интересно и забавно место каде ќе си игра со нови пријатели. Раскажувајте му ги и активностите кои го очекуваат. Гласот постојано нека ви биде позитивен и оптимистичен, но реален. Читајте му книги кои проодуваат во градинка и разговарајте со негови врсници кои неодамна го поминале овој процес.

3. Доведете го детето во градинката пред да го пуштите само. Покажете му како изгледа дворот, а како просторијата во која престојува. Дозволете му да види како децата играат.

4. Учете го детето на самостојност во хранењето, облекување и одржувањето на хигиена. Секогаш давајте му можност за избор. Учете го детето да одбере помеѓу две играчки со кои сака да игра или две маички кои дента сака да ги носи.

5. Учете го да соработува, средува и дели. Изменете ги правилата на некои игри во кои ќе ги истакнете добрите страни на делењето. Правете ги работите заедно.

6. Ако немате точно одреден распоред, воведете го. Одредете го времето кога се јаде, кога се чита приказна, кога се игра и кога се спие.

7. Овозможете му на детето средби со други дечиња. Вклучете го во активности и игри и пронајдете малку време за да му организирате домашни забави.

Би можело да ве интересира:

Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите т...
7 најчести грешки кои ги прават родителите дури и без да забележат Дури и да ви делуваат смешни детските проблеми, во нивната глава тие се огромни ...
Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони кад...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg