Сурова реалност: Технологијата прави од децата паметни роботи

Докажано е дека развојот на технологијата кај децата доведува до зголемување на нивниот коефициент на интелигенција, но ги намалува емоциите.

surova-realnost-tehnologijata-gi-pravi-decata-pametni-roboti-1

Стотина или десетина пријатели на Фејсбук, не се пријатели туку публика. Изложувањето пред публика создава притисок и зависност од потврда, а последицата од тоа е кревок идентитет.

Ако не сакате паметно дете кое во друштвото ќе биде емоционално манипулирано, технологијата треба да ја поставите на второ место во развојот и учењето, а овие неколку работи ќе ви помогнат полесно да се справите со оваа сурова реалност:

Венчален прстен

Кога е детето мало, венчалниот прстен е само светкава работа на прстот на мама, но како што детето расте за него тој прстен добива многу поголемо значење. Детето сфаќа дека тоа е прстен кој се носи на одреден прст, во одредено време, под одредени околности и заради одредено значење. Со текот на времето прстенот добива преносно значење, кое е во врска со односите меѓу родителите, начинот на живот и значењето на семејството.

Кога ќе порасне и кога ќе дојде време тоа исто дете да се венча, значењето на прстенот се шири врз основа на сопственото искуство, а доколку се разведе прстенот ќе стане предмет на преиспитување и ќе добие сосема нови значења.

Така се развива нашиот ум и со помош на поврзување на физичките предмети, доаѓаме до симболите на филозофските прашања како брак, заедница, друштво...

Важни се врските во мозокот, бидејќи создаваат ум

Венчалниот прстен прикажува еден сликовит пример на развојот на умот, кои помагаат да го разбереме светот и создаваат длабоки значења. Преку овие поврзувања, кај нас се развива чувството на идентитет, креативноста и исполнувањето, тоа е токму она што родителите посакуваат децата да го имаат кога ќе пораснат.

Технологијата не смее да биде основен модел за учење

Таа во мозокот не го развива сопственото искуство, ниту подлабокото разбирање. За детето правилно да се развие потребно е читање, раскажување на приказни и квалитетна интеракција во живо.

surova-realnost-tehnologijata-gi-pravi-decata-pametni-roboti-2

На социјалните мрежи добиваме 10% комуникација

Вербалната комуникација е само 10% , бидејќи ние многу повеќе кажуваме преку допирите, погледот, држењето на телото, бојата на гласот...

Истражувачите велат дека мозокот се развива во 6 точки за комуникација, а на социјалните мрежи таа е сведена само на една - вербална.

Google не може да ги објасни апстрактните поими

Интернет пребарувачите не распознаваат метафори и не можат да ги објаснат апстрактните поими. Па така, кога ќе изгуглате: „Што е чест?” , ќе добиете фотографии од спортисти, политичари, кралската фамилија и разни цитати.

Затоа е докажано, дека со помош на технологијата се зголемува коефициентот на интелигенција, но за информации и знаење потребна е приказна.

surova-realnost-tehnologijata-gi-pravi-decata-pametni-roboti-3

Што мислите вие, дали навистина децата растат во паметни роботи?

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg