Русокоси 6-годишни близначки се вистински хит на Инстаграм (фото)
Шестгодишните близначки Хели и Брајтон станале вистински хит на Инстаграм благодарение на нивните инспиративни фризури.
Нивната мајка Џил, која покрај нив две има уште едно дете, на својот Инстаграм профил секојдневно објавува раскошни фризури кои таа им ги прави.
На тој начин привлекува голем број фанови кои се воодушевени од русокосите близначки. Не може, а да не се забележат нивните плетенки, пунџи, локни и сите најразлични фризури.
Според зборовите на нивната мајка девојчињата обожаваат да си играат со косата, а дозволуваат и секој да им направи фризура доколку има интересна идеја, пренесува Huffington Post.
Хели и Брајтон учествувале и во една Инстаграм игра, Твининг, кога две личност цел ден носат иста фризура.
Имаат некои навистина уникатни фризури, а згора на тоа се многу слатки и симпатични, па нема да може да им одолеете: