10 Работи кои мора да ги направите пред останете бремени
Почнавте да размислувате за бебе? Тоа е одлично, но пред да се впуштите во оваа нова животна улога мора да направите неколку работи...
Бидете сигурни дека ве чека највозбудливиот период вашиот живот, но доколку мислите дека во текот на бременоста ќе имате време за размислување и завршување на неопходното, грешите.
Времето поминува бргу, а вие мора да бидете сигурни дека сте подготвени за сѐ што ве чека. Почнете со овие 10 работи кои мора да ги направите пред да дојде бебето:
1. Измерете ја тежината
Доколку сте премногу слаби, тоа може да влијае на вашата овулација затоа најдобро е да качите некој килограм плус. Во случај да имате вишок килограми тогаш најдобро е да ја достигнете својата идеална тежина пред да затрудните. На овој начин, не само што ќе се чувствувате подобро во текот на бременоста, туку и ќе ги намалите шансите за ризик од висок крвен притисок. Во ниеден случај не треба да слабеете во текот на бременоста, а намалувањето на некој килограм е нормално само во првите три месеци.
2. Заборавете на алкохолот и цигарите
Алкохолот и цигарите може да му наштетат на вашето бебе, почнувајќи од проблеми со срцето, па се до ментални проблеми. Затоа е најдобро вие и вашиот партнер пред да посакате да имате дете да ги оставите цигарите и алкохолот, кои кај мажите влијаат и врз намалување на бројот на сперматозоидите.
3. Отпатувајте
Ако обожавате да патувате, заминете сега, бидејќи кога ќе дојде детето работите ќе бидат покомплицирани. Долгите патувања не се препорачуваат во текот на бременоста, па затоа е најдобро тоа да го сторите пред да останете бремени.
4. Проверувајте ги своите лекови
Некои лекови може да се користат во текот на бременоста, но за некои од нив сѐ уште не е извршено соодветно истражување дали смеат или не смеат да се користат за време на бременоста. Многу од лекарствата треба да ги прекинете за време на бременоста, но уште подобро е тоа да го направите пред да планирате проширување на семејството.
5. Посетете го вашиот заболекар
Недоволната хигиена на вашите заби може да предизвика бактериски инфекции, кои пак би можеле да доведат до предвремено породување. Затоа уверете се дека со вашите заби сѐ е во ред.
6. Вакцинирајте се
Пред да останете бремени прашајте го вашиот доктор кои вакцини треба да ги примите. Некои од овие вакцини се примаат откога ќе останете бремени, а некои не, затоа консултирајте се навреме.
7. Направете генетски тест
Доколку во вашата фамилија постојат некои наследни болести, преку генетскиот тест можете да проверите дали сте носител на одредената болест.
8. Зголемете го внесувањето на фолната киселина
Витаминот Б го намалува ризикот од појавата на маани кај новороденчето. Овие маани кај бебето се јавуваат во самиот почеток на неговиот развој, дури и пред жената да сфати дека е бремена, затоа докторите препорачуваат да внесувате фолна киселина пред да забремените.
9. Намалете со кофеинот
Ако секој ден го почнувате со голема чаша кафе и потоа испиете уште неколку чаши газирани пијалаци, тогаш веднаш престанете. Не постои точно ограничување, но докторите велат дека треба да внесувате колку што е можно помалку стимулатори.
10. Направете план
Не ги оставајте работите сами да одат по својот тек, туку преземете ја контролата. Доколку работите, консултирајте се околу породилното отсуство. Доколку не, тогаш направете пресметка околу финансиите кои ви се потребни додека го чувате детето. Пресметајте ги сите трошоци кои ви се потребни на почетокот и на тој начин ќе бидете подготвени, па нема да се соочувате со стрес откога ќе дојде бебето.