Малечко девојче со голема желба: Може ли да го држам цвеќето на вашата венчавка?

Четиригодишната Анабел Ерл имала голема желба да биде дел од венчавка на која ќе може да стои до невестата и да ѝ го држи цвеќето.

malecko-devojce-so-golema-zelba-moze-li-da-go-drzam-cveketo-na-vasata-vencavka-01

Но, бидејќи во нејзината фамилија немало некоја закажана венчавка наскоро, а таа толку многу сонувала за ваков момент за кој слушала само приказни или гледала на телевизија, нејзината мајка смислила план.

Ја облекла во убаво бело цветно фустанче со розеви ружички и ѝ помогнала да напишат на голем плакат: Може ли да бидам девојчето што ќе ви го држи цвеќето?.

Така подготвени отишле во големиот трговски центар каде Анабел застанала држејќи го плакатот и чекала да помине некој пар кој сака да се венча и да ѝ ја исполни желбата.

По долго време, откако многумина ја забележале и само се насмевнале, решила да почне да оди и да ги прашува луѓето.

Така, конечно успеала да најде пар кој не можел да ѝ одолее и да ја одбие, па ја повикале на својата венчавка и ѝ дозволиле да стои покрај невестата со нејзиниот букет, додека трае церемонијата.

Анабел била пресреќна и многу убаво се чувствувала, па сакала повторно да отиде во трговскиот центар и да најде нов пар.

Таа е пример како искрените детски желби се остваруваат, па дури и од непознати луѓе.

malecko-devojce-so-golema-zelba-moze-li-da-go-drzam-cveketo-na-vasata-vencavka-2.jpg

malecko-devojce-so-golema-zelba-moze-li-da-go-drzam-cveketo-na-vasata-vencavka-3.jpg

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
На 40 години конечно сфатив - мама беше во право! На секој мој несмасен обид да се вратам во времето и да поправам сè, мајка ми се...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Маж не може да биде добар татко, ако првенствено не е добар сопруг Маж не може да биде добар татко, ако првенствено не е добар сопруг, затоа што де...
„Јас сум мајка која зјапа во телефон во паркот, додека нејзините деца си играат“ Јас сум, исто така, мајка која е со своите деца по цел ден. И мајка која се труд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg