Искусните родители открија трикови за олеснително патување со деца

Ако се подготвувате да заминете за прв пат на патување со бебе или мало дете, сигурно ги правите сите можни планови како најлесно да пристигнете до посакуваната дестинација.

iskusnite-roditeli-otkrija-trikovi-za-olesnitelnopatuvanje-so-mali-deca-1

За почеток, имајте на ум дека ќе носите многу багаж, бидејќи колку што е помало детето толку повеќе работи ви се потребни.

За да си го олесните патувањето убаво распоредете ги работите во куферите и запишувајте каде ги пакувате работите, во случај нешто да ви затреба додека патувате.

Во продолжение прочитајте ги сите трикови кои ги споделија родителите со повеќегодишно искуство:

Бидете флексибилни

Патувањето со мало дете може да биде прекрасно доживување, но претходно мора да се релаксирате и да ги оставите работите сами да си одат по својот тек. Предолгото стоење во место, без разлика дали во автомобил или количка за деца, може да го онерасположи вашето дете, кое брзо го губи интересот. Затоа, доколку по пат сакате да разгледувате некои знаменитости, најдобро би било да се ограничите на најважните.

Планирајте чести запирања

Честите запирања ќе му помогнат на детето да се раздвижи и да може подолго време да остане во автомобилот, особено ако станува збор за подолго патување. Оставете ги малку да поиграат и да се надишат свеж воздух.

Фрижидер за патување

Наполнете го со доволно количество вода, солени грицки, слатки и сѐ она што му е омилено на вашето дете. Децата бргу дехидрираат во лето, затоа спакувајте овошје кое ќе им помогне полесно да се справат со жештината која би можела да ве зафати по пат.

iskusnite-roditeli-otkrija-trikovi-za-olesnitelnopatuvanje-so-mali-deca-2

Не ги заборавајте играчките

Тие не треба да бидат во багажникот, туку во торба во автомобилот. Доколку детето не го издржува патот, дајте му ги омилените сликовници, играчки, пуштете му забавна, детска музика и на тој начин вашето дете ќе заборави на патот и ќе ужива во патувањето.

Последни подготовки

Малите деца лесно се приспособуваат на нов ритам и на возењето до далечните дестинации, што не е случај со малку поголемите деца. Затоа, на вашето дете покажете му фотографии од местото во кое што одите и бидете возбудени, на тој начин детето едвај ќе чека да дојде денот на патување. 

Би можело да ве интересира:

Писмо од вашето дете до вас: „Мамо, не брзај да ме направиш возрасен, дозволи ми да бидам дете“ Мамо, покажи ми дека секогаш можам да зборувам со тебе. И кога ќе пораснам, ќе м...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи кои НЕ треба да му ги кажете на родител кој го загубил своето дете „Сè се случува со причина“ – ова е најизлишната фраза што можете да ја искористи...
„Првото дете го родив на 42, а второто на 44 години – ме осудуваат, но не жалам што сум постара мајк... „Тоа што сум постара мајка ме направи подобар родител. Со сопругот имаме финанси...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg