15 причини зошто летата беа многу подобри кога бевме деца

Летото е секогаш убаво, но мора да признаете дека беше многу подобро кога бевме деца. Некои работи се едноставно незаменливи. Често не можеме да ги сфатиме тие работи додека сме мали, па брзаме да пораснеме.

15-pricini-zosto-letata-bea-mnogu-podobri-koga-bevme-deca-01

За жал, откако ќе ни се оствари таа желба нема враќање назад, колку и да посакуваме. Неспоредливо е колку се позабавни летата кога завршува училиштето и сме буквално бескрајно слободни да правиме што сакаме.

За децата нема стресови, нема вести, нема грижи и неплатени сметки.

Игрите со другарчињата, летните одмори, вкусот на сладоледите и лубениците се само дел од причините зошто толку го сакаме летото.

Покрај вообичаените на кои веднаш ни текнува има и некои причини кои не ги забележувавме, но дефинитивно се позабавни кога сме деца.

1. Секогаш имавме потемнет тен

Додека сега го гледате сонцето низ прозорецот на канцеларијата и сонувате за 10 дена на плажа, како деца не се грижевте како ќе фатите боја, бидејќи постојано бевте на сонце, па чоколадниот тен беше нормална појава.

2. Аеродромите и автобуските станици беа позабавни

Додека вашите родители се грижеа за пасошите, билетите, таксите, багажот, единствената грижа вам ви беше да се забавувате поминувајќи покрај детекторот за метал или да претрчувате наоколу и да се забавувате.

3. Сладоледот не ве дебелееше

Пред да купите сладолед денес  три пати размислувате и пресметувате колку грама е колку калории има, па дали мора да јадете или да почекате да симнете уште некој килограм.

Како деца, тоа е омиленото задоволство кое го јадевте секое попладне со многу чоколадо и прелив, а никогаш не се дебелеевте.

15-pricini-zosto-letata-bea-mnogu-podobri-koga-bevme-deca-2.jpg

4. Не се грижевте дали ви е точен костимот за капење

Колку време сега се подготвувате за 10 дена на плажа? Колку третмани направивте само за да немате целулит, да ги зацврстите мускулите, да направите депилација, па и да фатите малку боја во солариум?

Се сеќавате дека како деца не сте ги ни знаеле овие работи, ниту сте се грижеле како ќе изгледате во бикини. Едноставно се препуштавте на водата и игрите во песок.

5. Летен камп

Додека денес барате хотели со по неколку ѕвездички и одлични услови, како деца уживавте во летните кампови заедно со многу други, играјќи по цел ден и учествувајќи во најзабавни лудории. Тоа се летата што ќе ги паметите секогаш.

6. Немавте работа

Не само што не требаше да одите на работа, туку речиси и воопшто немавте никакви обврски. Деновите се чинеа бескрајни и создадени само за уживање.

15-pricini-zosto-letata-bea-mnogu-podobri-koga-bevme-deca-6.jpg

7. Останувате надвор до доцна

Ако останете до доцна во ноќта, треба да мислите како ќе се разбудите и како ќе функционирате следниот ден на работа.

Како деца тоа воопшто не е проблем, останувате колку сакате, си легнувате кога сакате и следното утро пак први станувате за да продолжи забавата.

8. Сите ви се пријатели

Најлесно се воспоставуваат контакти кога сте деца. Тогаш не е важно кој од каде и што работи, ниту на кој друг му е пријател, па дали ќе ве смета за нападни ако му се придружите.

Едноставно сте се среќавале на улица и сте продолжувале да си играте. Немало потреба од посебно запознавање и договарање.

9. Долги одмори

Сега едвај си дозволувате викенд или 10 дена, додека како деца одморот трае колку што ќе посакате и додека вам ви е забавно.

15-pricini-zosto-letata-bea-mnogu-podobri-koga-bevme-deca-4.jpg

10. Не требаше да се бричите

Сите изгледавте супер, и момчиња и девојчиња, никој не мораше да се бричи или да се депилира, колку и тоа да ви изгледало интересно, денес знаете дека е навистина досадна обврска.

11. Никогаш не требаше да правите или да купувате ручек

Ако сега секојдневно треба да смислувате што да јадете и тоа не само вие туку и за вашето семејство, како деца знаете дека мама или баба се задолжени за да има нешто вкусно зготвено.

Ваша обврска е само да дојдете точно на време за ручек и да си ја дополните енергијата за играње.

12. Родителите ве носат на шопинг

Нема потреба да префрлате пари од картички или да се пресметувате колку маички може да си купите.

Вашите родители се грижеа секогаш да бидете најдобро облечени. Секако, согласно домашниот буџет, но ваше беше само да одберете или да прошетате со нив.

15-pricini-zosto-letata-bea-mnogu-podobri-koga-bevme-deca-5.jpg

13. Можевте цел ден да гледате телевизија

Сега и да сакате да гледате нема толку интересни програми. Како деца сигурно се заборававте додека ги гледавте Том и Џери или додека имаше некоја интересна детска емисија.

Денес телевизијата е навистина досадна.

14. Попладневна дремка

Можеби тогаш ви се чинела како обврска на која ве принудувале родителите, но денес знаете дека е вистински луксуз со оглед на многуте обврски да си дозволите попладневна дремка во топлото попладне. Што сè би дале сега да можете да одморите барем еден час?

15. Едвај ги чекавте родендените

Без разлика дали вашиот или на некој друг кој има одмор за време на летото, тоа беа најголемите забави.

Тогаш се собираше целото одделение и доволен беше ситен подарок како тетратка и молив. Единствено и најважно беше забавата, брканицата и тортата.

Мора да признаете дека тогаш многу повеќе се радувавте на бројот на свеќичките, отколку денес.

15-pricini-zosto-letata-bea-mnogu-podobri-koga-bevme-deca-3.jpg

Би можело да ве интересира:

„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg