Омилените јадења од детството

Кога на децата ќе им кажете денес дека сте јаделе маст и црвена пиперка за ужинка, сигурно би се згрозиле, но вие сигурно со сласт се потсетувате на овој вкус, зар не?

kako-slatko-se-ajdese-nekogas-omilenite-jadenja-od-detstvoto-01

Некогаш свинската маст не се избегнувала, туку се мачкала на леб, пржените парчиња леб не биле прилог, туку главно јадење, а изматениот шлаг од јајца со шеќер бил врвен десерт.

Ова се некои од омилените јадења на некогашните деца:

1. Пржени парчиња леб

Некогаш за да се купи леб се чекало во ред. Немало пекара на секој чекор. После 9 часот наутро не би ни можеле да најдете векна леб, бидејќи сè е распродадено.  Тоа е причината поради која и по неколку дена требало да се јаде од еден ист леб. Кога ќе се исушел, парчињата леб се потопувале во изматено јајце за да омекнат и се пржеле. Со додаток на сирење и чај, претставувале вкусен појадок.

2. Изматено јајце

Во недостаток на слатки, изматеното јајце било хит. Тогаш јајцата биле домашни или се купувале од проверени сопственици на селските фарми. Со едно до две јајца и неколку лажици шеќер, добро изматени, се добивала пенлива слатка смеса.

kako-slatko-se-ajdese-nekogas-omilenite-jadenja-od-detstvoto-2

3. Парче леб со свинска маст и црвена пиперка

Некогаш немало стандардни состојки за сендвич. Маста се користела и за пржење, но и како намаз. Одлично одела со црвена пиперка или лук, а постоела и слатка варијанта, посипана со шеќер.

4. Тестенини со ореви

Денес веројатно малкумина јадат суви тестенини со ореви, но тоа некогаш било вообичаена вечера. Врз сварените тестенини се посипувал шеќер и мелени ореви, понекогаш се додавал и путер.

kako-slatko-se-ajdese-nekogas-omilenite-jadenja-od-detstvoto-1

5. Гриз со млеко

Некои деца и денес го сакаат гризот. Сварен во млеко и помешан со шеќер, гризот е одличен за враќање на енергијата после целодневното трчање со другарите. Слично се користел и бил омилен, сутлијашот.

6. Виршли

Виршлите често се јадат и денес, но некогаш се продавале исклучиво во месарите. Токму во тоа е разликата. Секако, биле и поквалитетни.

7. Сендвич со паризер

Шунка, кашкавал, кечап и мајонез некогаш биле недостижни состојки за секојдневна употреба. Но, одлична замена за шунката бил паризерот и тој бил доволен за да се направи вкусен сендвич. Четвртина леб, малку паризер, малку павлака или намаз од сирење и вкусниот сендвич за на училиште е подготвен.

kako-slatko-se-ajdese-nekogas-omilenite-jadenja-od-detstvoto-4

Кои се вашите омилени јадења од детството?

Би можело да ве интересира:

11 застарени правила за воспитување на кои денес се смееме Нова облека се купува само ако ја скинеш старата, а децата што биле слаби се сме...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
6 работи кои НЕ треба да му ги кажете на родител кој го загубил своето дете „Сè се случува со причина“ – ова е најизлишната фраза што можете да ја искористи...
„Родителите ме тепаа и немам трауми“ – Грешките на родителите што несвесно ги пренесуваме врз децата Колкупати ви се случило да слушнете некој израз што го кажуваат вашите деца и да...
12 реални (и малку непријатни) ситуации во кои се нашле мајките барем еднаш, низ илустрации Мајките често се соочуваат со двојни стандарди, па се случува да бидат критикува...
„Свекрвата ни плати за хотел, но сака да спие во истата соба со мене и сопругот – тој ја поканил“ „Бев многу благодарна што свекрвата понуди да ни ја плати хотелската соба за пат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg