Родители, не заборавајте! Вашите деца имаат свои соништа

Сосема е во ред да посакувате голем успех во животот на вашите деца. Сосема е во ред да посакувате дури да ве надминат во работата, школувањето и да изградат здрав и стабилен живот. Но, запрете тука и запрашајте се: За што сонуваат вашите деца?

roditeli-ne-zaboravajte-vasite-deca-imaat-svoi-sonista-01

Никој не може да каже дека вашите деца нема да успеат дури и ако тоа се спротиставува целосно со она што вие го работите.

Помогнете им на вашите деца да си го пронајдат своето место во светот:

Охрабрувајте ги да ги следат своите соништа, а не вашите - Запрашајте се: Дали вашето дете посетува некоја активност бидејќи чувствува страст кон истата или вие го сакате тоа?

Истражувајте што навистина сака - Посетувајте разни активности од уметноста па се до економијата и медицината и видете на што најмногу вашето дете ќе покаже интерес.

Што ако вашето дете е талентирано? - Без разлика дали станува збор за музика или сликарсто,не заборавајте дека има детство. Оставете го да ужива во безгрижноста. Талентот е тука и може да го одржува со умерена работа.

Не смеете да бидете разочарани - Ако детето има поинакви визии од вашата кариера или бизнис, тоа е сосема во ред.

Дозволете му - Нека се образува и нека го надоградува знаењето од областа што искрено ја сака.

Секој нареден чекор што ќе го преземете во врска со вашето дете потсетете се токму на оваа фотографија:

roditeli-ne-zaboravajte-vasite-deca-imaat-svoi-sonista-02

Не дозволувајте сите соништа да се распрснат. Сетете се колку гордо се чувствувавте кога балоните од детската игра нежно чекореа по земја. Дозволете им го тоа и на детските соништа.

Родители, не пробувајте да го промените вашето дете - охрабрете го и дајте му ја вашата подршка. Вие сте му најпотребни без разлика на сè.

Би можело да ве интересира:

Писмо од вашето дете до вас: „Мамо, не брзај да ме направиш возрасен, дозволи ми да бидам дете“ Мамо, покажи ми дека секогаш можам да зборувам со тебе. И кога ќе пораснам, ќе м...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Првото дете го родив на 42, а второто на 44 години – ме осудуваат, но не жалам што сум постара мајк... „Тоа што сум постара мајка ме направи подобар родител. Со сопругот имаме финанси...
6 работи кои НЕ треба да му ги кажете на родител кој го загубил своето дете „Сè се случува со причина“ – ова е најизлишната фраза што можете да ја искористи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg