10 начини за да го поттикнете логичното размислување кај вашите деца

Не „сервирајте“ им го секогаш решението на вашите деца. Дозволете им да „нурнат“ во проблемот и самите да ги истражат опциите и решенијата. Поттикнете креативно размислување за понатаму во животот да може да се соочат со пречките кои ќе им наидат на патот.

nachini-preku-koi-kje-mozhete-da-go-pottiknete-logichnoto-razmisluvanje-kaj-decata-01.jpg

Логичното размислување на децата им помага да донесат подобри одлуки и да ги сфатат последиците од истите. Што е најважно, експертите велат дека децата не можат самите да ги научат овие вештини, туку ние треба да ги негуваме во нив.

Личноста со вештини за логично размислување покажува подобро расудување, решавање проблеми, критичко размислување и комуникациски вештини.

Начини преку кои може да го поттикнете логичното размислување кај децата:

Поставувајте отворени прашања

Може да започнете со поставување прашања од отворен тип, кои немаат одговори со еден збор, како да или не. Отворените прашања имаат објаснувачки одговори.

На пример, вашето дете е вознемирено бидејќи не му дозволувате да излезе надвор да игра, поради временските услови. Па, ве прашува: „Зошто не можам да излезам надвор?“

Наместо директно да одговорите на прашањето, прашајте го: „Зошто мислиш дека не ти дозволувам да излезеш?“ Дозволете му да размисли, па да ви одговори.

Поттикнете креативно размислување

Се прашувате како да поттикнете креативно размислување кај вашето дете? Најдобар начин е да избегнете да му дадете решение на детето, кога е заглавено во некоја ситуација.

Дозволете му да го реши проблемот, па така може да дојде до идеи или опции за справување со ситуацијата.

nachini-preku-koi-kje-mozhete-da-go-pottiknete-logichnoto-razmisluvanje-kaj-decata-02.jpg

Охрабрувајте логичко расудување

Логичкото расудување е составен дел од процесот на логичко размислување. Кога детето ќе се најде во една ситуација, поттикнете го објективно да го анализира проблемот и да дојде до рационално решение.

Така, нема да носи импулсивни одлуки и ќе се научи за причината и последицата од некој настан. Ако ова се практикува редовно, може да има долгорочни придобивки.

Поттикнете им ја љубопитноста

Кога децата по сто пати го поставуваат прашањето „зошто“, родителите многу често ја потиснуваат нивната љубопитност, бидејќи невозможно е да им се одговори на сите прашања. Но, треба што повеќе да му дозволувате на детето да поставува прашања, да експериментира и слично.

Ова охрабрување ќе доведе до тоа тие да истражуваат и да разберат што всушност прават. Така, ако нешто ги интересира, тие со задоволство ќе експериментираат и ќе си го подобрат знаењето.

nachini-preku-koi-kje-mozhete-da-go-pottiknete-logichnoto-razmisluvanje-kaj-decata-03.jpg

Научете ги како да ја проверат точноста на информациите

Живееме во време каде што секоја информација е лесно достапна, но, дали сè што ќе прочитаме е реално? Секако дека не.

Затоа, треба да ги научите децата да ги оценуваат информациите и да ја одредат нивната точност. Така, треба да знаат да проверат дали информациите доаѓаат од сигурен извор или не.

Уште 5 начини на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg