Бонтон правила на однесување што секој (добро воспитан) ученик треба да ги знае

Веќе на сите ни е познато дека во училиште се стекнуваат знаења, а убавите манири и доброто однесување потекнуваат од дома. Велат дека децата се огледало на родителите, а добро е детето да го научите на некои основни правила на убаво однесување, за да не се соочите со проблеми.

bonton-pravila-na-odnesuvanje-shto-sekoj-dobro-vospitan-uchenik-treba-da-gi-znae-01.jpg

Секое училиште има свој куќен ред и правила на однесување, но некои правила се универзални и убаво би било да ги повторите со детето на почетокот на учебната година.

Се обидовме да извадиме неколку клучни правила коишто се опфатени во книгата „Бонтон за секој ученик“ на Бојана Матијевиќ и Милица Јовановиќ, а иако знаеме дека наставниците ќе ги потсетат учениците за убавото однесување, убаво би било и родителите да поработат со детето на нив.

Да се потсетиме на некои од нив:

Детето секогаш мора да се потруди внимателно да ја следи наставата. Да биде тивко додека наставникот зборува и да не им пречи на соучениците.

Ако ученикот треба нешто да се каже, задолжително треба да се кренат два прста и трпеливо да чека наставникот да му даде збор. Не е културно да довикнувате: „Јас знам“ или „Јас, јас...“

Ученикот не треба да се срами да праша кога нешто не му е јасно, но и тоа се прави со кревање два прста и чекање наставникот да даде збор.

Истото се однесува и за одењето во тоалет, но, само ако е нужно.

bonton-pravila-na-odnesuvanje-shto-sekoj-dobro-vospitan-uchenik-treba-da-gi-znae-02.jpg

На час не е пристојно да се џвака гума за џвакање, ниту да се јаде храна. Тоа се прави за време на одморите и во училишната кујна.

bonton-pravila-na-odnesuvanje-shto-sekoj-dobro-vospitan-uchenik-treba-da-gi-znae-08.jpg

По завршувањето на наставата, секој ученик треба да си ги собере своите книги и материјали, а училницата треба да се остави чиста. Запомнете дека хигиената е половина здравје, а децата поголемиот дел од времето го поминуваат во истата просторија.

bonton-pravila-na-odnesuvanje-shto-sekoj-dobro-vospitan-uchenik-treba-da-gi-znae-11.jpg

Во ходниците и во училишниот двор не треба да се трча, ниту да се туркаат другите соученици. Некој може да се повреди, па потоа ученикот да се најде во поголеми проблеми, непотребно.

bonton-pravila-na-odnesuvanje-shto-sekoj-dobro-vospitan-uchenik-treba-da-gi-znae-13.jpg

Отпадоците, секогаш треба да се фрлаат во кантата за отпадоци и не е дозволено чкртање по ѕидовите. Не е дозволено ниту да се чкрта на клупите, столчињата и другиот училиштен инвентар. Запомнете дека во тие клупи и столчиња треба да седат уште голем број други генерации.

bonton-pravila-na-odnesuvanje-shto-sekoj-dobro-vospitan-uchenik-treba-da-gi-znae-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg