Бонтон правила на однесување што секој (добро воспитан) ученик треба да ги знае
Секогаш поздравувајте ги повозрасните и кон нив однесувајте се со почит, користејќи ја учтивата форма „Вие/ Вам“.
Одморот е време што треба да се искористи за ужинка, одење во тоалет, подготвување за следниот час, разговор и дружење со другарчињата и за извршување на должностите што ги имаат дежурните ученици.
Не е убаво да се расправате со другарчињата. Детето секогаш треба да знае секој проблем да го реши со убави зборови и со мирен тон.
Детето моора да знае да ги прифати различностите. Ако некој е поразличен од него, не значи дека е помалку вреден од него.
Кога сакате да разговарате со другарчињата по училишните часови, тоа секогаш треба да биде во пристојно време и да не е доцна навечер. Истото важи и кога комуницирате на интернет. Запомнете, можеби на родителите на другарчето нема да му се допадне нивното дете до доцна навечер да се допишува на интернет.
Водете сметка за личната хигиена. Детето треба да ги мие рачињата неколкупати во денот за време на одморите меѓу часовите. Исто така, непристојно е додека сте во училиште да го чепкате носот со прсти, за таа намена се користи шамиче.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“
„Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“
„Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...

„Јас сум мајка која зјапа во телефон во паркот, додека нејзините деца си играат“
Јас сум, исто така, мајка која е со своите деца по цел ден. И мајка која се труд...

13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации
Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...

„Јас сум ‘лоша’ мајка, немам многу трпение, но морам да работам и заработам за кредитите - маж ми не...
„Кај нас дома телевизорот е вклучен секој ден. Често само како позадинска врева ...

Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно
Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите т...
-->