Фрази кои не треба да им ги кажувате на децата-тинејџери

„Премногу си млад/а за да разбереш“

Кога го кажувате ова, вие оставате впечаток како да не ги цените чувствата на вашите тинејџери.

Така, децата може да се чувствуваат обесхрабрени и нареден пат да не зборуваат отворено со вас, мислејќи дека повторно ќе го добијат истиот одговор.

Што и да се случило, постојат начини соодветни на возраста за да му го објасните случајот на вашето дете.

frazi-koi-ne-treba-da-im-gi-kazhuvate-na-decata-tinejdjeri-04.jpg

„Не може повторно да се видиш со таа личност“

Постојаното забранување често резултира со контраефект. Ако мислите дека некое момче или девојка не одговара за вашето дете тинејџер, тогаш подобро е да го кажете вашиот став и да дозволите детето да го доживее искуството, секако, со ваше водство и ваша поддршка.

„Јас ќе се погрижам за тоа“

Кога наставникот ќе му стави неправедна оценка на вашето дете или кога неговиот најдобар пријател ќе му направи нешто лошо, природно е да сакате да преземете одговорност и да направите сè за вашето дете.

Но, за тинејџерите, ваквите предизвици се обука за самите да се справуваат со неволјите. Важно е да им дадете време да ги истражуваат решенијата, а притоа вие да бидете секогаш тука за нив.

frazi-koi-ne-treba-da-im-gi-kazhuvate-na-decata-tinejdjeri-05.jpg

„Премногу си млад/а за да знаеш што е љубов“

Како родители, лесно е да го кажеме ова, но нема да биде воопшто добро за тинејџер со скршено срце.

Ако некоја личност има 13 години и чувствува како да се заљубува, најлошо е родителот да каже дека е премногу млад/а за да знае што е љубов.

Така, детето ќе мисли дека неговите чувства не се важни или веродостојни и во иднина нема да ги споделува.

Затоа, фокусирајте ги на тоа да ги насочите правилно и одговорно да се справат со нивните емоции.

„Премногу си драматичен/а“

Иако можеби ви изгледа така, не значи дека мора да го кажете ова. Ако им кажете дека „прават голема работа од ништо“, тогаш ги отфрлате нивните грижи и правите проблемите да им изгледаат толку глупаво и скромно, па на тој начин тие може да се затворат во себе.

Размислете како му е на вашиот тинејџер во тој момент, што размислува, што сака да постигне...

frazi-koi-ne-treba-da-im-gi-kazhuvate-na-decata-tinejdjeri-06.jpg

М. Ѓ. | Црнобело

Фото: freepik.com / depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Писмо од вашето дете до вас: „Мамо, не брзај да ме направиш возрасен, дозволи ми да бидам дете“ Мамо, покажи ми дека секогаш можам да зборувам со тебе. И кога ќе пораснам, ќе м...
6 работи кои НЕ треба да му ги кажете на родител кој го загубил своето дете „Сè се случува со причина“ – ова е најизлишната фраза што можете да ја искористи...
Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите т...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
„Родителите ме тепаа и немам трауми“ – Грешките на родителите што несвесно ги пренесуваме врз децата Колкупати ви се случило да слушнете некој израз што го кажуваат вашите деца и да...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg