Фрази кои не треба да им ги кажувате на децата-тинејџери
„Разочаран/а сум од тебе“ - Да се слушне ова е многу полошо отколку родителот да му се налути на своето дете.
Како што растат децата, така се зголемуваат и проблемите. Кога се мали, се лутат зашто им се скршила играчката, како поголеми, се лутат зашто другарите им рекле нешто лошо зад грб...
Затоа, знаењето како треба правилно да се разговара со тинejџерите во таквите моменти може да биде многу корисно.
Така, и тие ќе се чувствуваат подобро, но и вие ќе одржувате добар и позитивен однос со нив.
Па, добро е да знаете што не треба да им кажувате на вашите деца во тинџерскиот период.
10 фрази кои не треба да им ги кажувате на децата-тинејџери:
„За неколку години, тоа нема да биде важно“
Карање со пријателите, прво љубовно разочарување... ситуациите може да бидат различни, но важно е вие да се фокусирате колку е тоа знајачно за вашето дете во дадениот момент.
треба да се трудите само да ги уверите дека за неколку години проблемот нема да биде важен, зашто со тоа само ќе ги омаловажите.
Иако, како родител работите ви изгледаат не толку страшни, сепак, за вашето дете тоа може да биде нешто нависитна големо, а кога ги занемарувате емоциите на вашите тинејџери, им давате до знаење дека тие не се важни за вас.
„Кога јас бев на твои години...“
Кога бевме ние на нивна возраст, тоа беше сосема поинакво време. Сè во општеството беше поинаку.
И затоа, колку и да сакаме да ги пренесеме нашите искуства, во тој момент навистина е важно да се фокусираме на сегашноста.
Важно е да ги согледаме нивните потреби и предизвици во времето во кое тие живеат.
„Ти си мрзлив/а“
Повторно вашиот тинејџер не си ја средил собата... Во тие моменти, лесно е да ги етикетирате како мрзеливи, но тоа може да влијае на нивната самодоверба.
Така, многу пати детето ќе се потсетува дека е мрзеливо, ќе се идентификува со тоа, зашто мајка му и татко му така му рекле.
Нормално е дека децата треба да имаат задолженија и истите да ги извршат, но потребно е да им пристапите од друг агол.
Пофалете ги кога ќе се однесуваат добро, признајте кога ќе постапат како што треба, објаснете им зошто и кога треба да се намести креветот, да се фрли ѓубрето...
„Зошто не можеш да си како твојот брат/твојата сестра?“
Споредбите не се добри за никого. Кога ги споредувате децата, тоа може да создаде чувство на конкурентност, но и на детето да му се намали самодовербата.
„Разочаран/а сум од тебе“
Да се слушне ова е многу полошо отколку родителот да му се налути на своето дете.
Иако на краток рок може детето да се чувствува засрамено или виновно за она што го направило, на долг рок, вашиот тинејџер може да чувствува дека не може отворено да зборува со вас за работи кои потенцијално би можеле да ве разочараат повторно.
Затоа, секогаш е најдбро да разговарате и да се обидете заеднички да го најдете решението на проблемот.