Психолошки трикови за да го натерате детето да ве слуша, низ илустрации
Натерајте ги сами да си го исчистат нередот што го направиле
Секому може да му се случи да згреши, но неопходно е децата од мали нозе да научат дека треба сами да преземат одговорност за сопствените грешки.
Затоа наместо да чистите по нив, натерајте ги сами да си исчистат.
Побарајте нивно мислење или решение за проблемите
Кога детето ќе ви се пожали за некој проблем не трчајте веднаш да му дадете готово решение.
Дајте му можност да разговара со вас и да го сподели сопственото мислење за тоа како треба да се реши проблемот.
Најдете креативен начин за да кажете „не“
Никому не му е лесно кога треба на детето да му каже „не“, па за да не се соочите со негативни емоции, ниту кај себе, ниту кај детето, најдете креативен начин како да го одбиете.
Ако детето ве моли за нова играчка, кажете му дека ќе ја ставите на списокот.
Немојте да ги занемарувате неговите емоции
Немојте да ги обвинувате за нивните емоции, туку покажете разбирање. Сфатете дека децата се водат од сопствените емоции, и многу е важно да му објасните на детето зошто нешто се случува.
Ако не можете да одите на плажа тој ден, објаснете му дека е така заради лошото време, па понудете му да правите нешто друго заедно.
Ако детето каже нешто лошо, покажете дека сте љубопитни
Често се случува децата да кажат лоши работи за другите членови на семејството, па затоа е многу важно да реагирате правилно.
Не ги сфаќајте буквално нивните зборови, туку обидете се да сфатите што се крие зад нив.
Б. С. Б. | Црнобело