Совети кои ќе ви помогнат да го поттикнете детето да спортува

На детето му треба охрабрување, но не и присилување зашто на тој начин спортот ќе го чувствува како обврска. Поддржете го, но не му создавајте притисок да тргне по вашите стапки.

soveti-koi-kje-vi-pomognat-da-go-pottiknete-deteto-da-praktikuva-sport-01.jpg

Физичката активност е од особено значење за здравјето и благосостојбата на детето.

Да му се помогне на детето да се вклучи во одредена физичка активност или да се поттикне да практикува некој спорт, во современото родителство е огромен предизвик.

Но, имајќи предвид дека спортот позитивно влијае како на физичкото, така и на менталното здравје на детето, потребно е да најдете начини тоа да биде што поактивно, а притоа со ова ќе го намалите и времето поминато пред екраните.

Ако се наоѓате во фаза каде што сакате да го поттикнете вашето дете да практикува одреден спорт, тогаш погледнете ги следниве совети:

Дозволете му на детето да го избере спортот што го сака

Дозволете му на детето да го избере спортот што го сака и не му создавајте притисок да тргне по вашите стапки.

Детето може да има поинаква страст од вас и спортот може да му помогне да се развие на правилен начин.

Понудете му повеќе опции и на крај дозволете му на самото дете да одлучи што најмногу му се допаѓа.

Играјте заедно

Практикувајте некој спорт заедно. Излезете надвор и создавајте спомени.

Покажете им дека сте заинтересирани за нивната нова страст, а не ги терајте на сила во моментите кога тие не сакаат.

Искористете го времето кога се мотивирани и излезете на отворено.

soveti-koi-kje-vi-pomognat-da-go-pottiknete-deteto-da-praktikuva-sport-04.jpg

Поканете ги другарчињата за да играат заедно

Децата сакаат да играат едни со други, а имањето група пријатели е прекрасен начин да се негува љубовта кон некој спорт.

Без разлика дали ќе биде во вашиот двор или во блиското игралиште, повикајте ги другарчињата и играјте кошарка, фудбал, ракомет…

Кога ќе има повеќе деца, спортувањето ќе биде позабавно и понезаборавно.

Охрабрувајте ги, но не присилувајте

Со охрабрувањето ќе го направите спортувањето забавно, а не детето да го чувствува како товар или обврска.

Ако детето ужива во некој спорт, поттикнете го така што ќе му покажете дека сте тука за да ги поддржите неговите цели.

soveti-koi-kje-vi-pomognat-da-go-pottiknete-deteto-da-praktikuva-sport-05.jpg

Поставете си цели и прославете кога ќе ги остварите

Поставете си некои цели заедно со вашето дете и откако ќе ги остварите, прославете на ваш начин. Со ова ќе ги научите децата дека е важно да планираат однапред за да ги остварат своите замисли.

Пофалете го нивниот труд

Не се сите деца родени за спорт и тоа е сосема во ред. Но, сè додека детето ужива во активноста и вложува максимален напор, тоа е сè што може да побарате од него.

Пофалете го вложениот труд, наградете го со нешто, но избегнувајте финансиска или материјална мотивација.

soveti-koi-kje-vi-pomognat-da-go-pottiknete-deteto-da-praktikuva-sport-03.jpg

Направете го тренирањето забавно

Направете го спортот забавен и оставете ги децата да бидат деца. Имајте предвид како функционира умот на детето.

Дозволете му да се забавува и да ги истражува своите интереси. Забавата треба да биде приоритет број еден!

Имајте предвид дека децата не можат предолго да го задржат вниманието на едно место

Детето не може премногу долго да биде фокусирано на активност. Па, кога ќе согледате дека детето веќе е уморно и не е толку заинтересирано, префрлете се на нешто друго, променете го темпото на игра и слично.

soveti-koi-kje-vi-pomognat-da-go-pottiknete-deteto-da-praktikuva-sport-02.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg