10 популарни Монтесори игри кои може да ги направите сами
Црпење и истурање намирници
Во неколку поголеми садови ставете различни намирници како леќа, ориз, пченка за пуканки. Наредете во послужавник уште неколку помали садови, како калапи за печење колачи.
Со различни форми на лажици и фаќалки, дајте му на детето да црпнува по малку од намирниците и да ги истура во празните садчиња.
Игра со патенти
Земете картон и на него залепете патенти со различни големини и бои и дајте му на детето да си игра отворајќи ги и затворајќи ги.
Отворање прозорчиња
Кога ќе потрошите пакетче влажни марамици, отстранете го пластичниот капак и залепете неколку такви на картон.
Под секое капаче ставете залепете различни материјали за детето да ги отвора и да истражува што има под нив.
Активност со топчиња и калапи за мафини
Во еден сад наредете топчиња или други слични предмети и дајте му на детето да ги става секое во посебен отвор од калапот, а потоа да ги враќа назад во садот.
Поврзување на животни
Доколку имате фигури во форма на животни, испринтајте слики со истите животни од интернет и дајте му на детето да ги поврзува фигурите со сликичките.
М. М. | Црнобело