Измолзување мајчино млеко: Како да го складирате и кои пумпи се најдобри?

Измолзувањето може да биде рачно или со помош на рачна или со електрична пумпа. На некои жени им е полесно со рака, затоа што така се чувствуваат подобро, додека други се решаваат за пумпа.

izmolzuvanje-majchino-mleko-na-shto-da-obrnete-vnimanie-kakvi-pumpi-postojat-i-kako-do-pravilno-skladiranje-na-mlekoto-01.jpg

Иако доењето не значи само хранење на бебето, туку се препорачува и како идеален начин за развивање блискост и размена на нежност со бебето, сепак, најверојатно нема секогаш да бидете во можност да го доите вашето малечко, а некои мајки, пак, од одредени причини, воопшто нема да можат да го дојат бебето, па ќе се одлучат за измолзување и хранење со шише.

Техниката на измолзување, за тоа како, колку често и колку долго треба да се измолзувате, треба да ви ја објасни педијатарот, медицинската сестра или стручно лице.

izmolzuvanje-majchino-mleko-na-shto-da-obrnete-vnimanie-kakvi-pumpi-postojat-i-kako-do-pravilno-skladiranje-na-mlekoto-07.jpg

Кога да започнете со измолзување млеко?

Ако сте родиле здраво бебе во предвидениот термин и бебето почнало да цица добро, најдобро е да не започнувате со измолзување и тоа неколку недели, додека доењето не се воспостави целосно.

Освен поради медицински причини, секогаш е добро бебето да го доите доколку сте во можност, наместо веднаш да го навикнете на шише.

Доколку пак бебето е предвреме родено или е болно, препорачливо е да започнете со измолзување што е можно побрзо, веќе неколку часа по породувањето.

Внимавајте на тоа ако му нудите шише на бебето пред да наполни 3-4 недели старост, зашто прескокнувањето подои може да доведе до послаба лактација.

Ако, пак, исклучиво измолзувате млеко, измолзувајте се толку редовно колку што би го доеле бебето. Колку повеќе го доите или се измолзувате, толку повеќе млеко ќе имате.

izmolzuvanje-majchino-mleko-na-shto-da-obrnete-vnimanie-kakvi-pumpi-postojat-i-kako-do-pravilno-skladiranje-na-mlekoto-02_copy_copy.jpg

Дали да се измолзувате после секој подој?

Измолзувањето не е неопходно. Лактацијата се приспособува на потребите на вашето бебе и во идеален случај би требало да го оставите овој процес да си оди природно, непречено.

Вообичаени ситуации во кои жените се решаваат да се измолзуваат се следниве:

  • Бебето не цица добро (или воопшто не цица). Во овој случај молзењето е најдобриот начин за одржување на лактацијата.
  • Мајката мора да се врати на работа.
  • Повремено одвојување од бебето, на повеќе од неколку часа.
  • Кога градите се преполни со млеко. Во овој случај молзењето може да биде и рачно, за малку да се опуштат дојките.

Дали да се измолзувате рачно или да користите пумпа?

Измолзувањето може да биде рачно или со помош на рачна или електрична пумпа. На некои жени им е полесно со рака, затоа што така се чувствуваат подобро, додека други, пак, се решаваат за пумпа.

Ако се измолзувате само повремено, можеби најдобро е да ја совладате мануелната вештина. За потребите на почесто молзење, пумпата ќе ви биде попрактично решение.

Ако користите пумпа, внимателно прочитајте го упатството за употреба и проверете дали сите делови се добро наместени. По секоја употреба, темелно измијте ги и стерилизирајте ги сите делови.

izmolzuvanje-majchino-mleko-na-shto-da-obrnete-vnimanie-kakvi-pumpi-postojat-i-kako-do-pravilno-skladiranje-na-mlekoto-04.jpg

Пумпи за измолзување

Пред да се решите да купите пумпа за измолзување, согледајте ги вашите потреби и тоа колку често би ви била потребна. Постојат рачни и електрични и секоја си има свои предности и недостатоци.

Рачните пумпи, како што кажува и самото име, работат рачно. Ова го прави измолзувањето малку понапорно и подосадно за вас. Сепак, ви даваат поголема флексибилност, најчесто се поевтини, помали и поудобни ако решите да патувате.

Од друга страна, електричните пумпи се полесни за користење, па многу често им се препорачуваат на мајките на предвремено родените бебиња, кои треба да ја стимулираат лактацијата.

Сепак, овие пумпи се погласни, но и поскапи.

На крај, изборот се сведува на вас и вашите потреби, а пред да одлучите, секогаш е добро да се консултирате со експерт.

izmolzuvanje-majchino-mleko-na-shto-da-obrnete-vnimanie-kakvi-pumpi-postojat-i-kako-do-pravilno-skladiranje-na-mlekoto-03.jpg

Правилно чување на измолзеното млеко

Правилното складирање на измолзеното мајчино млеко ги зачувува неговите хранливи, имунолошки и антибактериски својства.

Цврсто затворете го стерилното шише со млеко и вака подготвено може да стои на собна температура (18 до 20 степени) околу 24 часа.

Може да се чува во фрижидер (4-5 степени) до 72 часа, а во замрзнувач (-18 до -20 степени) до 4 месеци.

Ладното млеко се загрева во топла вода (не користете микробранова), а ако е замрзнато, прво треба да се одмрзне на собна температура, а дури потоа да се загрее. Еднаш отвореното и загреано млеко, не треба да го користите повеќе.

За какви било двоумења околу доењето, измолзувањето, користењето пумпи или складирањето на мајчиното млеко, веднаш консултирајте се со вашиот лекар или со консултант за доење.

izmolzuvanje-majchino-mleko-na-shto-da-obrnete-vnimanie-kakvi-pumpi-postojat-i-kako-do-pravilno-skladiranje-na-mlekoto-05.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Летување со бебе: На што да внимавате и што да понесете со себе? Какви лекови да земете и кога е најповолен период за на плажа? Што сè треба да з...
Предмети во детската соба кои можат да бидат опасни за бебиња и многу мали деца Перница во бебешкото креветче и играчки со магнети – некои предмети можат да пре...
Македонска мајка со порака: „Знам колку е тешко родителството, но на децата не им се потребни екрани... „Не осудувам никој, знам колку може тешко и напорно да биде родителувањето некои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg