Како да препознаете личност која растела во токсично семејство?
Се плашат од манипулирање
Во токсичните семејства, некои луѓе се служат со манипулации за да ги контролираат останатите членови.
Поради ова, кога децата ќе пораснат, не им веруваат на луѓето и мислат дека буквално секој ќе се обиде да ги искористи и изигра за да добие нешто од нив.
Не знаат како да се соочат со неуспехот
Децата кои растеле во токсична околина секогаш веруваат дека не се доволно добри или дека не вредат ништо.
Родителите често бараат многу од нив, а потоа ги критикуваат кога децата нема да им ги исполнат очекувањата.
Поради тоа имаат ниска самодоверба, па на секоја грешка и неуспех реагираат бурно.
Своите емоции ги ставаат на последно место
Родителите кои се вербално или физички насилни, ги ставаат на последно место чувствата на своите деца.
Затоа, децата често не знаат како да ги изразат своите чувства на глас, па навикнати се да ги кријат болката, стравот, лутината...
А како растат, секогаш ги ставаат на последно место своите чувства и приоритет им даваат на туѓите.
Често се чувствуваат анксиозни
Децата кои растеле во токсични семејства често страдаат од анксиозност.
Ова се случува поради нестабилноста, лошиот ментален и физички третман, поради недостигот на самодоверба.
Им помагаат на другите дури и кога имаат свои планови или обврски
За да го намалат конфликтот во семејството, да не слушаат викање или да не бидат натепани, децата растени во токсични семејства често преземале на себе обврски што не се нивни.
Многупати слушале и коментари дека мора да им помогнат на родителите во сè што тие прават, дури и кога тоа не била нивна обврска или имале други планови.
Затоа и кога ќе пораснат, овие личности секогаш ги ставаат туѓите потреби пред своите.
А. Ј. | Црнобело