Како да препознаете личност која растела во токсично семејство?

Децата кои биле критикувани додека растеле, имаат ниска самодоверба кога ќе станат возрасни. Тие сметаат дека се глупави, дека не се вредни, дека не заслужуваат ништо...

kako-da-prepoznaete-lichnost-koja-rastela-vo-toksichno-semejstvo-01.jpg

Начинот на кој родителите нè воспитувале и се однесувале со децата, во најголема мера влијае во какви личности ќе израснат. Ако како дете сте биле окружени со љубов, среќа и насмевки, ќе пораснете во личност полна со емпатија, која ќе сака да шири љубов.

Но, ако постојано ве прекорувале, правеле да се сомневате со себе, тогаш истото однесување ќе го имате и кога ќе созреете.

Знаете ли кои се карактеристиките на луѓето кои растеле во токсично семејство?

Тешко им е сами да решаваат за себе

Некои родители ги донесуваат сите одлуки за своето дете. Тоа го прават или за да покажат авторитет или, пак, за да го заштитат, но во секој случај, делуваат негативно на неговиот развој.

Ако детето постојано слуша „Остави, јас ќе го направам тоа“ или „За ништо не те бива, остави ме мене да завршам“, тогаш добива впечаток дека не е доволно добро.

Дури и наједноставните одлуки не може да го донесе само, ни додека е дете, но и кога ќе порасне и кога ќе стане независно.

kako-da-prepoznaete-lichnost-koja-rastela-vo-toksichno-semejstvo-09.jpg

Тешко комуницираат и не им веруваат на другите

Ако некој расте во тензична атмосфера, каде што секој секого манипулира, лаже, контролира, тогаш тој/таа преживува психичко насилство.

Ваквото однесување влијае негативно на личноста. Па, ако детето немало поддршка и љубов додека растело, тогаш не верува во искрените намери, чувства и љубов кога ќе порасне.

Напротив, покажува сомнеж кон сите, тешко му е да се врзе и да ги искаже своите чувства.

kako-da-prepoznaete-lichnost-koja-rastela-vo-toksichno-semejstvo-06.jpg

Се критикуваат самите себеси

Децата кои биле критикувани додека растеле, имаат ниска самодоверба кога ќе станат возрасни.

Тие сметаат дека се глупави, дека не се вредни, дека не заслужуваат ништо.

Не веруваат во себе, се сомневаат во секоја одлука и за себе мислат дека се полоши од другите, па поради тоа страдаат и често се осамени.

kako-da-prepoznaete-lichnost-koja-rastela-vo-toksichno-semejstvo-02.jpg

Секогаш се чувствуваат како беспомошни деца

Токсичните родители често одбиваат да прифатат дека нивното дете пораснало и дека треба да го третираат како возрасна личност.

Дури и кога веќе не е дете, со личноста се однесуваат како да е беспомошна, сакаат да ја контролираат и да командуваат со неа.

Чувството на беспомошност останува да ги следи целиот живот.

kako-da-prepoznaete-lichnost-koja-rastela-vo-toksichno-semejstvo-12.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg