Психолошки грешки на родителите, заради кои децата стануваат „нарциси“, низ илустрации

Дали родителите се виновни што некои деца прераснуваат во нарцисоидни личности? Кои грешки не треба да ги правите за да спречите вашето дете да прерасне во личност која верува дека целиот свет се врти околу неа?

psiholoshki-greshki-na-roditelite-zaradi-koi-decata-stanuvaat-narcisi-niz-ilustracii-01.jpg

Пред сè, мора да се разликува нарцисоидноста од здравата доза на самодоверба. Луѓето што имаат висока самодоверба, за разлика од нарцисоидните личности, не се ставаат секогаш на прво место без разлика на потребите и правата на другите луѓе.

Исто така, мора да се напомни дека нема простор за паника ако до 3-годишна возраст детето покажува знаци на нарцисоидност, но ако ова однесување продолжи со текот на годините, тоа е сигурен знак дека родителите треба нешто да преземат.

psiholoshki-greshki-na-roditelite-zaradi-koi-decata-stanuvaat-narcisi-niz-ilustracii-02.jpg

Во продолжение, низ илустрации, погледнете што можете да направите како родители за да спречите вашето дете да израсне со нарцисоидна личност:

Трудете се да го научите детето од најмала возраст да развие емпатија

Нарцисоидните личности речиси воопшто не се грижат за мислењето на другите луѓе, туку се сконцентрирани само на себе и на сопствените желби и чувства.

Затоа многу е важно детето од најмала возраст да научи што е емпатија и да покаже сочувство кон другите.

Запомнете дека вие, како родители, сте му пример на детето, и трудете се колку можете повеќе да покажете емпатија за да го научите детето што е тоа.

psiholoshki-greshki-na-roditelite-zaradi-koi-decata-stanuvaat-narcisi-niz-ilustracii-03.jpg

Најдете хоби за кое детето покажува страст и што му е забавно

Постојат родители што сметаат дека хобијата и вонучилишните активности се губење време, но тоа ќе му овозможи на детето да покаже интерес за нешто, да почувствува возбуда и да се запознае со врсници кои имаат слични таленти како него.

Затоа добро е да му дозволите на детето од најмала возраст да се занимава со спорт или нешто креативно.

psiholoshki-greshki-na-roditelite-zaradi-koi-decata-stanuvaat-narcisi-niz-ilustracii-04.jpg

Научете ги децата да бидат одговорни

Нарцисоидните личности не покажуваат одговорност за сопствените дејствија или последиците од тоа што го прават, особено ако е нешто негативно.

Затоа е важно на детето да му укажете на лошото однесување, да му нагласите дека тоа што го прави е погрешно и да го научите да преземе одговорност за сопствените грешки.

psiholoshki-greshki-na-roditelite-zaradi-koi-decata-stanuvaat-narcisi-niz-ilustracii-10.jpg

Трудете се постојано да бидат фокусирани и наоѓајте нови предизвици

Луѓето што се нарцисоидни често веруваат дека се супериорни над другите, но на овие луѓе не им е доволно само да докажат, туку им треба и некој постојано да ги фали.

За да го избегнете таквото однесување кај децата, најдобро е постојано да воведувате нови предизвици. На тој начин ќе сфатат дека не се најдобри во сè и дека не можат да го знаат одговорот на секое прашање.

psiholoshki-greshki-na-roditelite-zaradi-koi-decata-stanuvaat-narcisi-niz-ilustracii-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg