Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)?
6. Направете го чистењето групна активност
Чистењето може да биде позабавно кога се врши колективно. Заедничкото чистење ја прави задачата попријатна и ја промовира тимската работа.
Уште позабавно е ако назначите лидер и секоја недела да го менувате тој лидер. Назначеното дете може да делегира задачи и да се погрижи за тоа сè да биде завршено.
Исто така, поставете си и тимски предизвици каде што децата ќе формираат тимови и ќе се натпреваруваат за да видат кој тим може да исчисти најбрзо или најефикасно.
7. Обезбедете соодветно складирање
Кога секој предмет има свое место, чистењето станува поинтересно. На пример, јасно одбележете во која корпа ќе ги собирате топките, во која куклите…
Исто така, осигурете се дека сите места за складирање на работите му се лесно достапни на детето. Пониските полици за помалите и повисоките за поголемите деца, може да го олеснат чистењето.
8. Поставете одреден рок
Кажете им на децата до колку часот треба да биде завршена одредена активност и предизвикувајте ги пред да истече предвидениот рок. Пофалете ги кога брзо ќе ги завршат обврските и охрабрете ги.
9. Систем на наградување
Размислете за тоа да поставите табела за награди. На пример, имајте различни нивоа, при што колку повеќе обврски се завршат, децата ќе добијат позначајна награда.
10. Нека децата бидат водени од вашиот пример
Децата кои ве гледаат како чистите, најверојатно ќе го имитираат вашето однесување. Одвојте време кога вие и вашето дете ќе чистите еден до друг.
На пример, тие нека ги средуваат играчките, вие средувајте ја полицата со книги. Додека чистите, објаснете зошто и како го правите тоа. На овој начин децата ја учат важноста на секоја задача.
М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com