„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи

Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам дека колку и да сум далеку таа секогаш се грижи за мене. Кои се причините заради кои нашите мајки се незаменливи?

taa-e-heroj-zatoa-shto-mi-e-majka-20-prichini-zoshto-majkite-se-nezamenlivi-01_copy.jpg

Мајките се нашите херои. Тоа се жените што ни пружаат љубов и топлина, нѐ разгалуваат, бдеат над нас и први нѐ воспитуваат и образуваат.

Постојат милион причини зошто мајките се нашите херои и нашите идоли, но ние се потрудивме да издвоиме 20-тина најемотивни во кои може да се пронајде секој.

1. Затоа што знам дека нејзината љубов за мене е безмерна и безусловна;

2. Затоа што таа секогаш е подготвена да се жртвува за мене и за семејството;

3. Затоа што постојано е тука да ми пружа поддршка и да ме охрабри;

4. Затоа што ме инспирира да застанам исправено пред сите предизвици и никогаш да не се предадам;

5. Затоа што работи напорно да ми даде совршен пример како да се вложам за да ги остварам сите свои цели;

taa-e-heroj-zatoa-shto-mi-e-majka-20-prichini-zoshto-majkite-se-nezamenlivi-06.jpg

6. Затоа што секогаш може да ме разбере и има трпение за сите мои емоции: и кога преовладува нервоза, тага и нетрпеливост, таа е тука за да ми пружи љубов;

7. Затоа што таа ги чува сите мои тајни и знам дека можам да ѝ се доверам за сѐ;

8. Затоа што таа ги дава најтоплите прегратки;

9. Затоа што секогаш е подготвена да научи нешто ново за да биде во тек со моите интереси и хобија;

10. Затоа што има неверојатно трпение и ми попушта, иако знам да згрешам и да ја навредам;

11. Затоа што сите добри навики што ги имам се нејзино дело;

12. Затоа што знам дека колку и да сум далеку, таа секогаш се грижи за мене;

13. Затоа што секогаш знае што ми треба за денот да ми биде поубав;

14. Затоа што таа ме научи што значи да ги сакаш и да се грижиш за луѓето околу себе;

15. Заради нејзината самодоверба со која секогаш знае да застане и да ме одбрани;

taa-e-heroj-zatoa-shto-mi-e-majka-20-prichini-zoshto-majkite-se-nezamenlivi-04_copy.jpg

16. Заради нејзината издржливост и непопустливост пред сите предизвици;

17. Заради тоа што знае како да ми ги избрка сите демони и стравови, дури и анксиозноста и стресот покрај неа исчезнуваат;

18. Затоа што го посветила животот за да научи да го прави тоа што мене ми се допаѓа;

19. Затоа што нејзиниот глас одѕвонува кога се смее и ми ја полни душата со топлина;

20. Таа е херој затоа што таа е мојата мајка.

taa-e-heroj-zatoa-shto-mi-e-majka-20-prichini-zoshto-majkite-se-nezamenlivi-03_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Мајка од Велика Британија се жали: „Не е до децата, туку е до товарот да се излезе на крај со сите о... „Не е до децата... До притисокот да се одржи домаќинството е. Да се пронајде бал...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
12 реални (и малку непријатни) ситуации во кои се нашле мајките барем еднаш, низ илустрации Мајките често се соочуваат со двојни стандарди, па се случува да бидат критикува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg