7 работи во кои ќе се пронајдат сите модерни мајки
Вашето дете има поубава облека од вас, а Pinterest ви е омилениот сајт за инспирација – кои работи им се заеднички на модерните мајки?
Љубовта на мајките кон децата не се менува, но искуството на мајките и начинот на воспитување дефинитивно имаат претрпено промени.
Вашето искуство како мајка веројатно е слично со она на вашата мајка, но дефинитивно има работи кои не се ни споредуваат.
Седум работи што им се заеднички на скоро сите модерни мајки:
Гугл ви е советник за секој проблем
Без разлика со каков проблем сте соочени во врска со детето, првото нешто што го правите е пребарување на Гугл.
Но, бидејќи мислењата на онлајн експертите некогаш се поделени, на крај сепак ѝ се јавувате на мајка ви за помош.
Албумите за фотографии што сте ги купиле ви се празни
Пред да се породите, веројатно сте купиле неколку албуми за фотографии (или сте добиле како подарок), но тие сè уште стојат празни, барем делумно.
Во ерата на смартфоните, навистина ретко кога вадиме физички фотографии.
Веројатно сакате да се фокусирате и на кариерата
Повеќето модерни мајки се вработени и сакаат да имаат кариера.