Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца?
Постојано ве прекинува кога зборувате со некој друг
Нормално е некогаш детето да биде упорно и да ви зборува додека вие разговарате со некој друг.
Во некои моменти, ова можеби и ќе ве разгневи, но немојте никогаш да му викате на детето.
Наместо тоа, објаснете му дека сега разговарате со некој друг, па кога ќе завршите ќе може да ви каже што сака.
Не сака да се извини кога ќе погреши
Нормално е помеѓу вашето дете и неговите врсници некогаш да има караници.
Ако вашето дете навреди, удри или на каков било начин повреди друго дете, а другото дете почне да плаче, немојте само да го терате да се извинува.
Штом вашето дете ќе забележи дека другото плаче, сигурно ќе се чувствува виновно и ако му речете, ќе се извини.
Но, пред да се извини, разговарајте со двете деца за да дознаете што се случило, но и за вашето дете да воочи каде направило грешка.
На овој начин вашето дете ќе сфати дека во иднина не треба да го прави тоа.
Непослушно е
Не е лесно да го натерате детето да го остави телефонот или компјутерот за да напише домашна.
Но, ако го смените пристапот, ќе забележите резултати.
Наместо само да му наредувате, со смирен тон речете му дека ќе може да гледа телевизија, да игра на компјутерот и слично откако ќе ја напише домашната.
Забавната активност нека му биде како вид награда бидејќи си ги завршило обврските.
Научило лош збор во градинка или на училиште
Се чини дека децата секогаш ги слушаат и ги запомнуваат зборовите што најмалку треба.
Ако вашето дете научило некој нов лош збор и почнало да го користи, немојте да го карате.
На овој начин ќе создадете револт.
Наместо тоа, објаснете му на детето дека тој збор е лош, дека ги повредува луѓето и слично, па затоа и не треба да се користи.
Спирова С. | Црнобело