„Мојот 5-годишен син се врати со лакирани нокти од градинка, сопругот збесна – во право ли е?“

Син ми се врати со лакирани нокти од градинка и сопругот збесна, рече дека ќе се јави веднаш во градинката – една мајка отвори вистинска дебата на социјалните мрежи, откако раскажа како реагирал нејзиниот сопруг кога нивниот 5-годишен син се вратил со лакирани нокти.

mojot-5-godishen-sin-se-vrati-so-lak-za-nokti-od-gradinka-soprugot-zbesna-vo-pravo-li-e-01.jpg

Некои родители сакаат уште од најмали нозе да ги научат машките деца дека не треба да прават работи што се само за девојчиња, па очигледно таков е примерот и со овој татко.

Една жена побара совет на група за родители на Reddit и отвори вистинска дебата на темата дали е во ред на машките деца да им се дозволи да ги лакираат ноктите кога се мали?

mojot-5-godishen-sin-se-vrati-so-lak-za-nokti-od-gradinka-soprugot-zbesna-vo-pravo-li-e-02.jpg

„Навистина сум разочарана. Мојот 5-годишен син си дојде возбуден од градинка денес и неговите нокти беа лакирани со безбеден лак за нокти. Си играле дека имаат салон за маникир и педикир и им понудиле на децата да им ги налакираат ноктите ако сакаат.

Син ми мислел дека тоа е забавно и беше многу возбуден. Но, кога мојот партнерот си дојде дома, збесна! Рече дека е одвратно тоа што го прават во градинка и му рече на синот дека лакот за нокти е САМО ЗА ДЕВОЈЧИЊА, по што детето беше многу вознемирено.

Навистина ми е тешко заради него. Партнерот дури се закани дека ќе се јави во градинката и ќе се жали за тоа што се случило. Како да се справам со ова?“ – прашува мајката.

mojot-5-godishen-sin-se-vrati-so-lak-za-nokti-od-gradinka-soprugot-zbesna-vo-pravo-li-e-03.jpg

Таа доби голем број коментари и одговори на прашањето, а речиси сите го обвинуваат нејзиниот партнер дека има сексистички погледи и дека неговата реакција не е оправдана.

„Јас сум маж од 43 години и не можам да избројам колкупати ми се случило ќерките да ми ги ‘средат ноктите’. Твојот сопруг навистина е ужасен. Кажи му дека тој се однесува како дете. На тој начин не прави ништо добро, освен што го возенмирува детето. Очигледно тој има проблем со сопствената машкост, ако толку се вознемирува само за лак за нокти“;

„Застани во одбрана на сопственото дете. Тоа е само лак за нокти, не пишува за кој пол е наменет и лесно се вади. Навистина не е ништо сериозно“;

„Кажи му да престане да се однесува како возрасен и да сфати дека детето се израдувало? Ужасно е веднаш да се тврди дека тоа е ‘нешто што е наменето само за спротивниот пол’. Тоа е дете и видело нешто што му се допаѓа“ – стои во дел коментарите.

Каков е вашиот став на темата?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg