9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи
Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински здив можеби мириса навистина лошо, но тие сепак ќе ве бакнуваат со ентузијазам. Можеби не сте се истуширале ден-два, но сепак тие ќе ви кажат дека сте убави.
Колин Темпел е мајка на три девојчиња. Таа напиша статија во која објаснува зошто двегодишните деца не се толку неподносливи како што сите велат, туку се всушност магични.
Двегодишните деца не се неподносливи. Тие се магични.
Сигурно ќе го тестираат вашето трпение кога ќе решат да ја извадат пелената и да се измочкаат среде соба - но тие не го разбираат тоа. Сосема спротивно. Тие сакаат да ве усреќат, да ви даваат и примаат љубов безусловно.
Но, тие преживуваат и многу нови емоции и даваат сè од себе за да запливаат во овие води.
Учат и растат, прават грешки и стануваат мали луѓе. Понекогаш нè фрустрираат, но и ние мајките сме само луѓе.
Затоа секогаш се потсетувам дека тоа двегодишно дете не се обидува намерно да ме фрустрира. Се обидува да ми покаже кое е.
Истовремено ме потсетува дека детските години (особено кога имаат две годинки) се волшебно време во нашите животи. А, еве зошто:
Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации
Вашиот утрински здив можеби мириса навистина лошо, но тие сепак ќе ве бакнуваат со ентузијазам.
Можеби не сте се истуширале ден-два, но сепак тие ќе ви кажат дека сте убави.
Кога плачете по ужасниот ден на работа, тие ќе ве прегрнат и ќе ве утешат без осудување.
Нивната љубов е лојална и тоа е добро за вашето срце и вашето его.
Нè потсетуваат како да живееме во моментот
Трчањето со ќерка ми навечер, пред да си легнам да спијам, додека се однесувам будалесто и дозволувам да ме понесе моментот, е едно од најубавите чувства на планетава.
Тоа е вистинска среќа. Тогаш сфаќам дека не се грижам за ништо, стресот исчезнува за секунда, а мојата листа на задачи како и да не постои.
Го будат детето во нас
Со детето можете да се однесувате како дете. И тоа е толку прекрасно чувство.
Ве учат да ги цените едноставните работи
Нивната перспектива за животот и светот околу нив е прекрасна.
Тие ќе ве присилат да застанете и да погледнете околу себе за да можете да сфатите што сè се наоѓа пред вас.