10 (очигледни) знаци дека вашето дете е разгалено
Почнува да вика, крши или да плаче ако работите не се по негово, не криe ако е незадоволно од подарокот што ќе го добие... Кои се сигналите дека вашето дете е разгалено?
Родителите често не знаат дали нивното дете е разгалено или само поминува низ некоја фаза и потешко ги контролира емоциите, па се бунтува за сè.
Но, психолозите велат дека секое проблематично однесување на детето не е знак дека тоа е разгалено.
Сепак постојат одредени знаци кои јасно укажуваат на тоа дека вашето дете е многу разгалено.
Кои се десетте очигледни знаци дека имате разгалено дете?
1. Не може да поднесе ако му кажете „не“.
2. Не крие ако е незадоволно од подарокот што ќе го добие.
3. Одбива да ги следи вашите правила.
4. Никогаш не се нуди да ви помогне.
5. Воопшто не се согласува со своите врсници.
6. Никогаш не се заблагодарува за ништо.
7. Речениците ги почнува со „Јас сакам“, „Мене ми треба“, „За мене ти мораш“ и слично.
8. Не сака да ги дели работите што се негови со никого.
9. Не му е грижа ако со своето однесување или зборови ги навредува другите.
10. Почнува да вика, крши или да плаче ако работите не се по негово.
А. Ј. | Црнобело