„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“

Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љубов на светот. По децата, сфатив дека љубовта на мојот живот се тие, затоа што тоа е љубов каква што не сум почувствувала претходно, поинаква од сите други, дури и од таа кон партнерот.

mojot-zhivot-pred-decata-vs-po-decata-i-zoshto-ne-bi-go-menuvala-za-nishto-na-svetot-01.jpg

Пред децата, спиев до пладне во слободните денови и се будев себеси со кафе и бранч.

По децата, се будам пред изгрејсонце со нив врз мене како ми скокаат на грб и ме тегнат за рака.

mojot-zhivot-pred-decata-vs-po-decata-i-zoshto-ne-bi-go-menuvala-za-nishto-na-svetot-03.jpg

Пред децата, бев задоволувач на туѓите потреби и секогаш се трудев да го направам тоа што другите ми велеа дека е „правилно“.

По децата, не се грижам што мислат другите луѓе за мене, туку само што е најдобро за моето семејство.

mojot-zhivot-pred-decata-vs-po-decata-i-zoshto-ne-bi-go-menuvala-za-nishto-na-svetot-04.jpg

Пред децата, мислев дека сум уморна по долг работен ден.

По децата, мојот умор е онаков „мајчински“ умор и не само што ми недостига сон, туку и уморна сум од тоа да бидам одговорна за сите, од мајчинскиот срам, од мајчинската вина и тоа да сум им потребна на сите во секој миг – тоа ме исцрпува психички и физички.

mojot-zhivot-pred-decata-vs-po-decata-i-zoshto-ne-bi-go-menuvala-za-nishto-na-svetot-05.jpg

Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љубов на светот.

По децата, сфатив дека љубовта на мојот живот се тие, затоа што тоа е љубов каква што не сум почувствувала претходно, поинаква од сите други, дури и од таа кон партнерот.

mojot-zhivot-pred-decata-vs-po-decata-i-zoshto-ne-bi-go-menuvala-za-nishto-na-svetot-02.jpg

Пред децата, имав сѐ под контрола.

По децата, го прифаќам хаосот на мајчинството и пронаоѓам убавина во него.

И ништо не би направила поинаку, затоа што јас сум најсреќната и најдобрата верзија од себеси, токму поради нив.

Извор фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg