Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“
Мое дете...
Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот.
Ти си воздухот кој го дишам.
Светлината на крајот од секој темен тунел.
Виножитото по секоја бура со грмотевици.
И убавата мелодија на сите песни кои ги слушам.
Ти си мојата мотивација да пливам против брановите.
Мојата силна основа, кога се чувствувам слабо и на работ да се скршам.
И мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум.
Мојата безусловна љубов за тебе е таа што ме извлекува од креветот во тешките утра, кога од умор ме болат сите коски, а мозокот ми е толку замаглен, што едвај можам да размислувам јасно.
Тоа е љубов која е толку моќна што ми обезбедува сон навечер, дури и по ден полн со промислувања, многу интеракции, чувство на преоптовареност, многу непрочитани мејлови и неиспрана облека.
Никогаш претходно не сум почувствувала вакво нешто.
Не може да се спореди со ништо.
Неверојатна е мојата безусловна љубов кон тебе.
Затоа што колку и да копам во себе, јас пронаоѓам уште повеќе љубов за да ти дадам.
Па, се надевам дека ќе се чувствуваш сакано знаејќи дека некому си нечие денес, утре и секој нареден ден потоа.