Видео што ќе ве трогне: 5-годишно девојче ја смирува мајка си по паничен напад

„Сакаш да те прегрнам уште еднаш?“ – ја прашува својата мајка, едно мало 5-годишно девојче од САД, откако успеа да ја утеши и да ѝ помогне на мајка си која во моментот страда од паничен напад. Погледнете зошто ова видео им го стопли срцето и расплака голем број луѓе на социјалните мрежи...

video-shto-kje-vi-go-stopli-srceto-5-godishno-devojche-ja-smiruva-majka-si-po-panichen-napad-01.jpg

Оние што страдаат од панични напади знаат дека тие можат да се појават во кој било миг од денот, а чувството дека немате контрола над работите прави да се чувствувате поразено и немоќно.

Многу е важно блиските на лицата што страдаат од панични напади да знаат што да направат во дадениот миг за да им помогнат и да ги утешат, а ова видео со 5-годишна ќеркичка која ѝ помага на мајка си да го преброди моментот на криза, навистина ќе ви ги стопли срцата.

Кимберли Бушман од САД на својот ТикТок профил објави видео на кое се гледа како нејзината 5-годишна ќерка ѝ помага да се смири за време на паничен напад, користејќи ја техниката со која таа ја смирува неа кога е вознемирена.

„Таа дефинитивно е мојот спасител. Ти си важна“ – напиша таа до видеото.

Инаку во самото видео кое досега е погледнaтo над 23 милиони пати, се гледа како девојчето со прстите ѝ покажува на мајка си и ја тера да дувне по една свеќичка (на секое прсте) и на крај ѝ вели:

„Сакаш да те прегрнам уште еднаш?“

Видеото расплака голем број следбеници на социјалните мрежи, а речиси сите се согласни дека децата некогаш не се ниту свесни колку нивните силни прегратки им значат на родителите во миговите кога навистина ни е тешко.

@kimberleebushman

She definitely is my saving grace. You matter. #momsoftiktok #calmingtechniques #fyp #panicattack

♬ take a moment to breathe. - normal the kid

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Исповед на една искрена мајка: „Ми доаѓа преку глава од сè секој ден и во еден миг буквално ‘пукам’“ „Навистина сакам да сум смирена, трпелива и нежна мајка сум (каква и што сум пон...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg