„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка
„Каде и да си, секогаш можеш да си дојдеш дома“, „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно и засекогаш во себеси“ – кои совети треба да ѝ ги каже мајката на својата ќерка за од неа да изгради цврста и независна личност?
На популарниот форум Quora објавен е текст со 30 правила на кои мајките треба да ги научат сопствените ќерки и објавата привлекува големо внимание.
Погледнете кои се тие:
1. Мести го креветот секој ден, дури ако тоа го правиш една минута пред да си легнеш;
2. Немој да носиш скината долна облека – во случај на несреќа веднаш ја сечат облеката;
3. Не трупај предмети, задржи го само она што ти е потребно;
4. Во ред е да плачеш кога си повредена;
5. Ако сакаш да пцуеш, биди паметна. Ако сакаш да пцуеш во јавност, запознај ја својата публика;
6. Побарај ги местата и луѓето што ѝ годат на твојата душа;
7. Само затоа што нешто можеш, не значи дека треба (да го направиш);
8. Не се вознемирувај за правилото дека можеш да ја јадеш паднатата храна, само ако не била подолго од 5 секунди на земјата. Ќе изедеш полоши работи во чизбургер;
9. Среќата не е постојана состојба;
10. Ако остануваш некаде подолго од една ноќ, отпакувај ја торбата;
11. Никогаш немој сама да одиш по улица ноќе;
12. Биди љубезна, однесувај се кон другите онака како што сакаш тие да се однесуваат кон тебе;
13. „Не можам“ е изговор;
14. Биди си самата себе најголем херој;
15. Ако не можеш да се смееш со очите, немој да се смееш. Неискреноста нема цел;