Тешките страни на родителството што никој не ги гледа

„Постојаното чистење почнува на истиот ден кога ќе се породите. И, потоа треба да чистите без престан – пелени, постојано миење садови, бањање, перење облека, играчки насекаде, остатоци од храна…“ 

teshkite-strani-na-roditelstvoto-shto-nikoj-ne-gi-gleda-01.jpg

Воопшто не е лесно да се биде родител, а само оние кои имаат деца се свесни колку вистина има во ова.

Првите години од животот на детето се најтешки за родителите и тие жртвуваат многу работи само за да се грижат за нивните малечки.

Но од друга страна, и покрај предизвиците, сите родители се согласуваат дека децата растат пребрзо, па подоцна со радост се потсетуваат на „слатките маки“ од родителството.

Неколку родители на Редит споделуваат кои се тешките страните на родителството што никој не ги гледа:

Постојана врева

Дури и оние кои немаат деца знаат дека бебињата плачат често. А, некогаш за родителите е предизвик да откријат која е причината за плачењето на нивото дете.

Дури и откако малку ќе пораснат, факт е дека децата можат да бидат навистина гласни.

„Потребно е многу време да ги научите децата да не зборуваат на цел глас. Кај нас дома сите имаме многу чувствителен слух, па успеав да ги научам децата да зборуваат потивко и смирено. Но, ми беа потребни неколку години“.

teshkata-strana-na-roditelstvoto-shto-nikoj-ne-ja-gleda-02.jpg

Постојан неред во домот

Практично е невозможно домот да ви биде чист доколку дома имате мало дете, особено ако немате помош за домашните обврски.

„Постојаното чистење почнува на истиот ден кога ќе се породите. И, потоа треба да чистите без престан – пелени, постојано миење садови, бањање, перење облека, играчки насекаде, остатоци од храна…“

teshkata-strana-na-roditelstvoto-shto-nikoj-ne-ja-gleda-03.jpg

Контакт со поранешен партнер

Некогаш браковите не успеваат, но ако имаат деца, бившите сопружници мораат да бидат во контакт.

Додека некои поранешни сопружници се во добар контакт, постојат и оние чиј брак завршил бурно. Но, за доброто на нивните деца, мора да ги надминат разликите помеѓу нив.

„Во многу лош однос сум со бившата сопруга. Воопшто не се согласуваме. Се тужиме со години. Постојано треба да се потсетувам дека таа жена ми подари две деца што ги сакам… Сепак, не можам да ја трпам покрај мене“.

teshkata-strana-na-roditelstvoto-shto-nikoj-ne-ja-gleda-04.jpg

Готвење

Кога немате деца и ве мрзи да готвите, не е проблем да нарачате нешто. Сепак, како родител, го немате овој луксуз.

„Многу сакав житарици и двопек. Но, сега морам да готвам зеленчук, да се осигурам дека во храната има доволно протеини. Фрижидерот мора постојано да биде полн со храна. Морам да готвам секој ден“.

teshkata-strana-na-roditelstvoto-shto-nikoj-ne-ja-gleda-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Првото дете го родив на 42, а второто на 44 години – ме осудуваат, но не жалам што сум постара мајк... „Тоа што сум постара мајка ме направи подобар родител. Со сопругот имаме финанси...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
6 работи кои НЕ треба да му ги кажете на родител кој го загубил своето дете „Сè се случува со причина“ – ова е најизлишната фраза што можете да ја искористи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg