Сте се запрашале ли некогаш како Црвениот плоштад во Москва го добил своето име? Името не потекнува од бојата на тулите околу него, а доколку мислите дека можеби има некоја асоцијација со црвената боја или пак комунизмот, повторно ќе погрешите. Всушност, тоа потекнува од архаичниот руски збор красная (краснаја), којшто може да значи и „црвен“ и „прекрасен“ (второто значење е архаично). Се верува дека плоштадот го добил името во 17 век...