9 најдобри локации за зима според вкусот на National Geographic
Некои ја мразат, некои ја обожуваат, но со сигурност не можете да ја игнорирате. Кралицата зима веќе е на прагот, како календарски, така и согласно минусните температури надвор.
Што најмногу сакате во зима? За некои тоа е снегот, за други новогодишните празници и украсувањето. А некои пак ја дочекуваат зимската сезона на плажа, покрај море.
Како изгледаат 9-те најдобри локации за време на зимскиот период според престижниот National Geographic?
Јапонија
Изненадени? Јапонија за време на зимскиот период изгледа како предел од разгледница.
Патагонија
Периодот од ноември до април е најдобриот за посета на магичните пејзажи на Чиле и Аргентина.
Танзанија
Без разлика дали сте во огромен воздушен балон над саваната или пак цврсто стоите на земјата, нема да пронајдете толку интересно место како Танзанија во зима.
Виена
Убедливо на врвот на листата со најдобрите божиќни базари во светот каде што ќе ја почувствувате сета новогодишна магија за која сонувате.
Карибите
И покрај ураганите Ирма и Марија, Карипските острови повторни ги отворија вратите за посетителите кои обожуваат плажа, вода и сонце во зима, меѓу кои најмногу се истакнува прекрасниот остров Туркс и Кајкос.
Виетнам и Камбоџа
Пловни маркети, предели со неверојатно зеленило и палми и различниот биодиверзитет ќе ви понуди уникатно зимско доживување какво што не сте го очекувале никогаш.
Белизе
„Домот“ на Големата сина дупка, каде што запира секоја грижа и настапува мирот и тишината, бидејќи ќе се изгубите во сето водно пространство и тиркизното синило.
Антарктика
За време на сезоната на парење во овој дел на островот се среќава многу повеќе животински свет на метар квадратен, отколку на кое и да било друго место во светот.
Баја Калифорнија Сур
Сите кои уживаат во нуркање, кајакарење и пливање ќе ја пронајдат идеалната зимска локација во овој исклучително раскошен мексикански предел.
(О)Милена | Црнобело