Нарачувате големо еспресо, пица и тестенини - Кои грешки не смеете да ги направите во Рим?

Локалните жители забележале извесни грешки коишто туристите во Рим ги прават речиси секогаш кога се во посета на овој град.

naracuvate-golemo-espreso-testenini-koi-greshki-ne-smeete-da-gi-napravite-vo-rim-2.jpg

Секако, туристичка посета на Рим вклучува посета на атракции како Фонтана ди Треви, Колосеумот, Ватикан, но нешто што треба да го избегнете е да нарачувате, на пример, големо кафе, со оглед на тоа што Италијанците се љубители на краткото еспресо испиено „од нога“.

1. Локалните жители препорачуваат да ја проучите кујната и навиките и не се држете само до еспресото, пицата и тестенините. Италијанската гастрономија е многу повеќе од тоа.

2. Искористете го интернетот за да дознаете кои атракции е најдобро да се посетат во кој дел од денот. На пример, Фонтана ди Треви е најубава меѓу 3 и 6 часот наутро, пред да почне движењето во градот.

naracuvate-golemo-espreso-testenini-koi-greshki-ne-smeete-da-gi-napravite-vo-rim-3.jpg

3. Уметност може да најдете и во многу јавни галерии и цркви, коишто се бесплатни, а не само во музеите каде билетите може да бидат скапи.

4. И пет збора на италијански јазик значат многу повеќе отколку цело време зборување на англиски. Локалците ќе го ценат вашиот обид да го зборувате нивниот јазик.

naracuvate-golemo-espreso-testenini-koi-greshki-ne-smeete-da-gi-napravite-vo-rim-4.jpg

5. Пешачете најмногу што можете, доколку користите такси или јавен превоз може да испуштите многу прекрасни делови од градот.

6. Не е само центарот на градот, има и многу периферни соседства што може да понудат неповторливо искуство.

7. Рим е поубав надвор од туристичката сезона. Тогаш не ни мора да чекате во редици за да ги посетите туристичките атракции, плус ќе ги видите по доста пониска цена.

naracuvate-golemo-espreso-testenini-koi-greshki-ne-smeete-da-gi-napravite-vo-rim-5.jpg

8. Не однесувајте се безгрижно кон вашите чанти, мобилни телефони и фотоапарати. Покрај туристите има и многу улични криминалци и лесно може да останете без нешто вредно.

9. Големи се шансите да ги навредите локалците доколку нарачате вино од неиталијанско потекло. Експериментирајте со сортите, можеби ќе го најдете вашето ново омилено вино.

naracuvate-golemo-espreso-testenini-koi-greshki-ne-smeete-da-gi-napravite-vo-rim-6.jpg

10. Иако можеби на филмови сте го гледале тоа, капењето во некои фонтани во Рим може да ви донесе дебела казна. Избегнувајте го тоа.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg