Колмар - гратче „исечено“ од страниците на најубавите новогодишни бајки

Сме го споменале многу пати, но никогаш со вниманието коешто го заслужува.

Kolmar-gratce-iseceno-od-stranicite-na-najubavite-novogodisni-bajki-01.jpg

Наречен уште и „Мала Венеција“ или Le Petite Venise, Колмар сместен во регионот Алзас во Франција е можеби најнеобичниот мал град во кој ќе стапнете.

Оние кои сакаат барем накратко да избегаат од бетонската џунгла и градската врева, кои уживаат во мир и тишина ќе доживеат љубов на прв поглед со Колмар.

Сместен во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, којашто со канал е поврзана со Рајна, Колмар изобилува со канали, мостови и преубави мали плоштади поради кои и е наречен Мала Венеција.

Дрвените градби кријат многу продавници, кафетерии, ресторани и цркви, а средновековниот центар во градот датира од 9 век и е одлично сочуван, па токму поради тоа го привлекува окото на туристите и претставува една од водечките атракции.

Што да се каже за Колмар во зима, за време на новогодишните и божиќните празници? Ќе имате чувство како да не сте на истата планета на која живеете.

Ќе се загубите во блесокот на светилките и богато украсената архитектура. Колмар години наназад се наоѓа на врвот на најубаво украсени новогодишни дестинации, а има и зошто.

Кога сликите вредат илјадници зборови, а вие останувате без нив… погледнете ја магијата наречена Колмар:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
Плажи во Македонија кои не се на природните езера – совршени за викенд разладување (фото) Наша плажа на езерото Мантово, но и градската плажа на Дебарското Езеро – низ Ма...
11 популарни клубови и ноќни барови на првиот крак на Халкидики Pearl Club во Калитеа, Achinos Beach Bar во Ханиоти - на Халкидики има бројни кл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg