Ваш избор на дестинација, ваше темпо: 4 причини зошто да појдете сами на патување
Вие бирате време и дестинација и таму го имате сето време на располагање за задоволување на своите желби, зарем не звучи убаво?
Колку пати досега сте правеле компромиси за дестинацијата за одмор, времето минато таму и местата кои ќе ги посетите за сметка на партнерот или пријателите со кои сте појдени таму.
Ако постојано ве обвинуваат дека ја рушите забавата со своите специфични желби, можеби ова е вистинското време да заминете сами на патување.
Со свој распоред и време комплетно распоредено според своите желби, ќе имате незаборавен одмор.
Постојат низа причини зошто да појдете на патување сами, а еве дел од нив:
Ќе запловите во нова култура
Кога ќе појдете сами на патување, наместо да губите време на разговори со луѓето со кои се гледате постојано, вие ќе имате слободно време да се запознаете со некои од локалните жители и комплетно да нурнете во нивната култура.
Начинот на живот ќе го истражувате шетајќи со нив на места кои ги нема во интернет водичите, а можеби дури ќе имате среќа да видите и како изгледа нивниот типичен традиционален дом.
Сами ќе го диктирате темпото
Можеби вашите пријатели одат за да се забавуваат на одмор, а вие за да се релаксирате или пак обратно.
Кога сте сами постојано ќе го правите само тоа што вам ви одговара. Нема потреба од компромиси и задоволување на туѓите желби.
Ќе имате приватност
Ова е единственото време кога ќе можете комплетно да си се посветите на себеси.
Приватноста за време на одморот е непроценлива затоа што ви овозможува да го организирате времето според вашиот ритам и комплетно да ги наполните батериите.
Ќе ги реализирате своите долгогодишни желби за патување
Колку пати сте прецртале некоја дестинација од листата само затоа што не им одговарала на вашите придружници? Ако долго сонувавте за посета на Алпите или пак на Мексико, сега ќе можете да си го овозможите тоа без да молите некој да го прифати вашиот предлог.
Сами одлучувате, купувате авионска карта и заминувате на луда авантура.
Совети за соло патувањата:
Кога патувате сами, една од најважните работи е безбедноста. Потребно ви е дополнително внимание во поглед на личната безбедност, а совети што ќе ви помогнат во тоа се:
- Облекувајте се лесно, без скапоцен накит на вас.
- Вредните работи чувајте ги на сигурно место.
- Изберете безбеден хотел во осветлено и сигурно соседство.
- Истражете ја дестинацијата на интернет.
- Известете го семејството каде ќе престојувате и колку време.
С. С. | Црнобело