Загреб третпат по ред го има најубавиот божиќен базар во Европа (фото)
Сајтот Еuropeanbestdestinations.com и оваа година го спроведе истражувањето поврзано со претпразничното украсување на градовите низ Европа. Се прашувате каква е пресудата?
Загреб го има најубавиот божиќен базар во Европа, трета година по ред. Главниот град на Хрватска зад себе ги остави Колмар, Виена, Будимпешта и Стразбург, според гласањето.
Оваа година тој започна на 2 декември, а ќе трае до 7 јануари, 2018 година.
Висококвалитетни рачни изработки ги преплавуваат тезгите на божиќниот базар, а во комбинација со превкусната храна и вино и празничната пријателска атмосфера, Загреб е дестинација за креирање на најубавите спомени поврзани со новогодишните празници.
Додадете многу блескави светилки и украси, лизгалиште, бројни музички настани, хорско пеење, насмеани лица, канделабри излезени како од најубавите сликовници и го добивате Загреб – уникатна и навидум неповторлива, магична празнична авантура.
Сепак, изгледа дека магијата е повторлива, со оглед на третата награда по ред.
Погледнете како изгледа најубавиот новогодишен базар во Европа во блескавиот Загреб:
(О)Милена | Црнобело