Црвениот плоштад во Москва облечен во новогодишно руво (фото)

Сте се запрашале ли некогаш како Црвениот плоштад во Москва го добил своето име? Името не потекнува од бојата на тулите околу него, а доколку мислите дека можеби има некоја асоцијација со црвената боја или пак комунизмот, повторно ќе погрешите.

Crveniot-plostad-vo-Moskva-oblecen-vo-novogodisno-ruvo-01.jpg

Всушност, тоа потекнува од архаичниот руски збор красная (краснаја), којшто може да значи и „црвен“ и „прекрасен“ (второто значење е архаично). Се верува дека плоштадот го добил името во 17 век.

Централниот плоштад во Москва е една од највеличествените локации во светски рамки.

Доколку се гордеете со украсувањето на вашиот локален плоштад, имајте предвид дека Русите навистина знаат како се прави тоа, бидејќи во Русија е сè поголемо, пограндиозно, помегаломански.

И оваа година, една од најфотографираните локации на Инстаграм е токму Црвениот плоштад.

Доколку се прашувате зошто е тоа така, доказот е во фотките. Погледнете го бисерот на Русија и Москва како блеска во празнично новогодишно руво:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
Манастири во Македонија кои вреди да ги посетите - тука верниците го наоѓаат својот духовен мир Скриени во недопрената природа манастирските комплекси во нашата земја се вечни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg