8 причини да го посетите магичниот Нови Сад оваа зима кој ќе биде како од божиќна бајка
Новосадски Зимзоленд со 30-тина куќички од која секоја е свој посебен божиќен свет со греено вино, вкусна храна и украси, Ледената Шума која го претвора Дунавскиот парк во бајковито лизгалиште со прекрасно украсена околина, божиќни концерти со квалитетна музика, детски, зимски активности и секако неверојатен дочек - зошто да го посетите Нови Сад оваа зима?
Божиќната атмосфера низ европските градови веќе се вжештува и наскоро плоштадите, улиците и излозите од продавниците ќе блеснат со празничен сјај.
Но, ако оваа зима сакате да отпатувате некаде и да ја почувствувате магијата, а сепак да не биде предалеку, тогаш го предлагаме прекрасниот Нови Сад во соседна Србија.
Важи за еден од најубавите градови, има богата историја, а освен прекрасните знаменитости, има разновидна програма за новогодишните празници.
Нови Сад, официјално влегува во празничен дух на почетокот на декември, кога градските улици се претвораат во катчиња како од бајките, накитени со декоративни сијалички и орнаменти.
фото: Александар Милутиновиќ
фото: Александар Милутиновиќ
Како од божиќните филмови, градот познат како „српската Атина“ е дестинација која не смее да се заобиколи ниту во зимскиот период.
Доколку уште се двоумите, во продолжение погледнете неколку причини зошто да го посетите Нови Сад оваа зима:
Главниот градски плоштад ќе биде украсен со фестивал на бонбони, колачи, песни и магична атмосфера во 30-тина куќички, секоја посебен божиќен свет, каде посетителите може да пробаат греено вино, вкусна храна или да купат новогодишни украси, во организација на Новосадски Зимзоленд.
фото: Александар Милутиновиќ
Ледената шума која го претвора Дунавскиот парк во вистинско бајковито лизгалиште е неизбежна во зимските месеци за незаборавно доживување со магичен амбиент и украсени дрвја во околината на езерото.
фото: Душан Димиќ
Новосадскиот ноќен базар е исто така вреден за посета, бидејќи таму се собрани мали произведувачи, уметници и креативци, кои на посетителите им нудат рачни изработки, уживање во гастрономски специјалитети и добра забава.
фото: Александар Милутиновиќ
Божиќно-новогодишните концерти на класична музика се задолжителни за вљубениците во добра музика, а се одржуваат на повеќе локации со веќе позната музичка програма.
фото: Александар Милутиновиќ
„Winter Trail Race“ е последната трка во годината која се одржува во Фрушка гора, а е наменета не само за љубителите на празнична магија, туку за зависниците од зимски спортови, односно „trail“ трчање, „hiking“ и нордиско одење, а на располагање имаат две патеки.
фото: промо
Новосадската зимска магија не би ја доживеале во целост ако барем еден ден не ги посетите познатите гостилници и винарии на новосадската винска патека. Во топла атмосфера, со пријатели, вино, ќе уживате во пуцкањето на камин и тамбураши, заедно со одлични гастрономски закуски.
фото: Александар Милутиновиќ
Програмата не би била целосна без новосадските детски зимзарии, за оние кои ќе го посетат градот со најмалите членови на семејството – програма исполнета со едукативни, спортско-рекреативни активности, претстави и многу други занимации.
И секако, за сите оние кои сакаат да ја дочекаат новата година на нов, поинаков, возбудлив начин со многу вредни доживувања, на Петроварадинската тврдина ќе се организира дочек, а за повеќе информации следете го официјалниот сајт на Нови Сад Травел.
фото: Александар Милутиновиќ
фото: Душан Димиќ